Романија на чекор од епидемија на грип

January 4, 2023
1 min read

Романија е на чекор од епидемија на грип, во мигови кога релативно високите температури во земјата овозможуват висока вирусна активност, објавуваат романските медиуми.

Последните три седмици во земјата е забележано алармантно зголемување на респираторните инфекции. За седум дена во Романија се потврдени 2.700 случаи на грип. Болничките соби за итни случаи се сè пополни со пациенти, а десет отсто од луѓето што бараат медицинска помош завршуваат во болнички кревет.

„Во нашата болница детското одделение е преполно, има зголемување на респираторните инфекции, вирусот на грип и бројот на возрасни со тежок грип, како и бројот на заболени од Ковид“, вели Симин Флореску, директор на Клиниката за инфективни и тропски болести „Виктор Бабеш“. Тој известува дека Одделението за ковид-пациенти е преполно, а бројот на заболени од грип дополнително ја усложнува ситуацијата.

Во последната недела има над 140 илјади респираторни инфекции, најмногу во последните седум сезони.

„При нагли промени на температурата, организмот многу потешко се прилагодува, а тоа очигледно е фактор за грип и повеќе компликации при заболувањето“, објаснува Адријан Маринеску, директор на Институтот за заразни болести „Матеј Балш“ во Букурешт.

Со пациенти со респираторни инфекции се полни и ординациите на матичните лекари. Лекарите ги советуваат луѓето да се вакцинираат против грип, но вакцините во моментов тешко се наоѓаат.

Во Романија досега се имунизирани 1,4 милиони луѓе од ризичните категории.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Следно

Отстранета последната барикада во северно Косово

Latest from Blog

КОАЛИЦИЈАТА „ВРЕДИ“ КОНТРА КАСАМИ: „Не бараме во Кичево да се гласа за кандидатот на ДУИ“

Коалицијата „Влен“ се изјасни против ДУИ во Кичево. „Влен“ се произнесе по прашањето кого ќе поддржат во вториот круг во Кичево. Тие ги демантираа шпекулациите по медиумите и изјавата на тетовскиот градоначалник

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане центар на културни сцени и современи содржини

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со цел да се поврзат историското наследство и современите вредности во интерес на сите граѓани.

Ограничените маржи ја уриваат трговијата: затворања и отпуштања низ Србија

Речиси сите поголеми малопродажни синџири во Србија најавуваат затворање на свои објекти ширум земјата, како директна последица од владините мерки за ограничување на трговските маржи, воведени по иницијатива на претседателот Александар Вучиќ.

Одржан нов круг од разговорите за мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција

За време на средбата, двете страни направија детален преглед на претходно договорените мерки за градење доверба за 2025 година и разговараа за рамката за нивна примена во 2026 година, соопштија од грчкото
Go toTop