Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во гасењето на шумскиот пожар кај кочанското село Главовица

July 29, 2024
1 min read

Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани учествуваат  во гасењето на шумскиот пожар во атарот на селото Главовица, на Осоговските Планини.

Огнот што бил забележан вчера попладне, во текот на ноќта се проширил на поголема површина, а поради непристапноста на теренот тешко оди локализирањето и гасењето.

– На терен се три наши противпожарни екипи со исто толку возила, а рано утрово ни се придружија и хеликоптерите, во обид да ја пресечеме линијата на огнот што се движи кон повисоките делови на планината. Зафатена е површина од над 50 хектари, главно со нискостеблести растенија, но изгорена е и повеќегодишна дабова шума. Поддршка со едно возило и една екипа добивме и од колегите од Македонска Каменица, како и од Доброволното противпожарно друштво – Кочани и од јавното претпријатие „Национални шуми“, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Најверојатна причина за пожарот кај Главовица е човечкиот фактор и покрај забраната за движење во шума.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун: Турскиот претседател Ердоган остана непоколеблив во својата борба против глобалната неправда

Следно

Прашањето што го куртули Ферари од дипфејк измама

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop