Голем помор на риба во Вардар кај Градско

July 28, 2024
1 min read

Голем помор на риба и останатиот жив свет во Вардар кај Градско утрово во 4:30 часот се случи пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во Градско.

Даниел Наумоски од ЗСР „Бабуна“ Велес за поморот информира дека тој бил рано утрово бил известен од својата рибочуварска служба во Градско која направила увид на терен и увидела дека поморот е предизвикан поради пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во кое се собираат фекалиите што се користат како репроматеријали за работа на биогасната централа.

-Кога се излеало езерцето, водата со фекалиите поминала под мостот на патот Велес – Градско, оттаму преку една нива директно во реката Вардар по што е предизвикан поморот, појасни Наумоски.

За поморот од ЗСР„Бабуна“ го известиле градоначалникот на Општината Градско со кој се во контакт и ги координираат активностите во врска со поморот на рибата.

Воедно  од ЗСР „Бабуна“  го известиле и надлежниот Државен инспектор за животна средина, а кој веќе е на терен и прави увид. Од ЗСР „Бабуна“ за поморот на рибите го известиле и локалниот инспектор на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Хезболах ќе ја плати цената по нападот на Голанската висорамнина“, рече израелскиот министер за одбрана

Следно

Протест на Друзите поради присуството на израелски министри на погребот по нападот на Голанската висорамнина

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop