МВР: Пратеници добиле имејл-порака со заканувачка содржина, се преземаат мерки за расчистување на случајот

July 27, 2024
1 min read

Неколкумина пратеници во Собранието на службените имејл-адреси на 23 јули добиле порака со заканувачка содржина, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи.

Како што пишува во билтенот на МВР, случајот го пријавил „претставник на една политичка партија”.

-На 25.7.2024 година во 13:58 часот во полициската станица „Центар“, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.7.2024 година во 18:15 часот, од непозната електронска адреса, на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ, била испратена порака со заканувачка содржина, се наведува во билтенот на МВР.

Од МВР додаваат дека за настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, како и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски го разреши Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети

Следно

Спектакуларно отворање на Олимписките игри во Париз се одржа на реката Сена

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop