Ердоган: Целиот свет виде како во американскиот Конгрес му се аплаудира на геноциден убиец

July 26, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије ќе насочи ресурси во вкупна вредност од 30 милијарди долари што се состојат од даночни олеснувања и грант-поддршка за инвестирање во високата технологија, јавува Анадолу.

Говорејќи на церемонијата за претставување на Програмата за поттикнување на високата технологија во земјата (ХИТ-30) во Истанбул, тој рече дека Туркије има за цел да стане регионален производствен центар според капацитетот за производство на батерии и да понуди стимулативен пакет за инвеститорите вреден 4,5 милијарди долари.

„Земјата, исто така, лансира стимулативен пакет во вредност од 5 милијарди долари за да го зголеми својот производствен капацитет во автомобилскиот сектор на најмалку еден милион единици годишно“, рече Ердоган.

„За пет години, Анкара ќе покрива половина од трошоците за персоналот во новите центри што ќе бидат основани во земјата од 1.000 светски компании во однос на истражување и развој“, додаде тој.

„Наша цел е да го поддржиме производството на клучни компоненти и офшор турбини за ветерната енергија и да изградиме автохтон бренд за ветерна енергија“, рече турскиот претседател.

„Туркије ќе обезбеди грант-поддршка до 8.000 долари по мегават за инвестиции во ќелии со цел да се воспостави капацитет од 15 гигавати во соларната енергија“, рече тој.

„Владата го трасираше патот за светските автомобилски компании и другите големи производители на возила да ги насочат своите инвестиции во електрични возила во Туркије“, рече Ердоган.

„Наша цел е да донесеме најмалку 20 милијарди долари инвестиции од приватниот сектор во нашата земја, што ќе придонесе многу за нашето развојно патување во областа на технологијата“, додаде тој.

– Говорот на Нетанјаху во американскиот Конгрес –

Осврнувајќи се на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес, Ердоган рече: „Целиот свет виде како на геноциден убиец му аплаудираа во американскиот Конгрес“.

„Претставничкиот дом на САД им аплаудираше на оние кои масакрираа речиси 40.000 деца, жени и постари лица“, додаде тој.

„Оние кои на светот му даваат лекции за демократија и човекови права, не покажуваат ниту грам срам кога го крунисуваат Хитлер на нашето време“, рече тој.

„Глобалниот систем, кој беше воспоставен за да ги заштити економските, политичките, воените и дипломатските интереси на победниците во Втората светска војна, почна да застарува“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велика Британија нема да продолжи со напорите да ја оспорува јурисдикцијата на МКС над израелските водачи

Следно

Одложено судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски додека не се спојат постапките против Палевски и соизвршителите

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop