Два бронзени медали за македонскиот тим на Европската олимпијада по информатика за девојки во Холандија

July 26, 2024
2 mins read

На четвртата Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024), која од 21 до 27 јули се одржува во Велдховен, Холандија, нашите ученички постигнаа нов голем успех, освојувајќи два бронзени медали. Бронзените медали за нашата држава на ова интернационално натпреварување ги освоија Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид, а достоен резултат постигнаа и останатите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе. Тимот е предводен од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Ученичките кои се дел од македонскиот тим на ЕОИД 2024 беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 35-ти пат.

– Ако се вклучат и овие два медали, македонските ученички на досегашните четири изданија на Европската олимпијада имаат освоено вкупно 1 сребрен и 6 бронзени медали, што претставува резултат со кој можат да се пофалат релативно мал број на земји-учеснички на олимпијадата, информираат менторите на тимот, информира претседателот на ЗИМ и лидер на тимот проф. д-р Миле Јованов.

Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД) е релативно нов натпревар, наменет само за ученички – средношколки кои се заинтересирани за изучување на компјутерските науки. ЕОИД има за цел да ги промовира женското учество и застапеност во областа на информатиката преку обезбедување платформа за талентираните ученички да ги покажат своите вештини и да се натпреваруваат на меѓународно ниво. Оваа олимпијада игра клучна улога во охрабрувањето на повеќе девојки да изберат кариери во компјутерските науки и сродните области, каде жените често се недоволно застапени. Преку обезбедување на пријатна и натпреварувачка средина, ЕОИД има за цел да ги инспирира и да им овозможи на девојките да се истакнат во полето на информатиката.

Форматот на натпреварување на ЕОИД е многу сличен на веќе етаблираните меѓународни натпревари, како што е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ). Слично како и на ИОИ, учесниците вообичаено треба да решат низа алгоритамски и проблемски задачи во зададен временски период. Главниот дел од настанот се состои од два натпреварувачки дена, во кои ученичките решаваат предизвикувачки проблеми преку дизајнирање и имплементирање на соодветни ефикасни алгоритми. Натпреварот не само што ги поттикнува техничките вештини, туку и го охрабрува тимскиот дух, критичкото размислување и креативноста.  

Секоја земја – членка на ЕОИД заедницата учествува со свој тим составен од најмногу 4 натпреварувачки на возраст под 20 години, избрани преку националните натпревари во програмирање, како и лидер и заменик лидер на тимот. На ЕОИД 2024 учествуваат вкупно 130 учеснички од 37 европски земји, а како претставници на земји-гости, во неофицијална конкуренција учествуваат и 65 ученички од 19 земји надвор од Европа (како Австралија, САД, Египет, Сингапур, Саудиска Арабија и др.).

– Успехот кој го постигнаа девојките во силната конкуренција е доказ за талентот во Македонија и нашата посветеност како професори и како Здружение да го развиваме тој талент. Оваа година, Македонија имаше и петти натпреварувач. Ученичката Софија Велковска, која две години по ред освојуваше медали за нашата држава, годинава како ученичка во Хрватска, учествуваше во хрватскиот тим за кој освои медал. Софија е пример за целата класа ученици кои ни заминуваат од Македонија како резултат на миграцијата. За жал, годинава наместо да имаме подобрување во однос на поддршката на натпреварувачите од страна на државата, дури и онаа мала поддршка која тие ја добиваа од Агенцијата за млади и спорт е укината, изјави претседателот на ЗИМ и лидер на тимот, проф. д-р Миле Јованов. Изрази благодарност до Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и неколку општествено одговорни компании за поддршката.  Апелира за сериозност на државните институции и поддршка на активностите кои ги прави ова здружение и останатите научни здруженија кои со години волонтерски работат. 

Според планот, петтата Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2025) ќе се одржи идната година, во Германија. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Европската јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ) во Кишињев, Молдавија, кон крајот на август годинава.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руска хакерска група објави информации за повеќе од 3.200 странски платеници

Следно

Светот е под чизма на американските санкции

Latest from Blog

Ѓорѓиевски почна голема акција: Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно

Проданоски: Традицијата на Св. Никола е темел на духовноста во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Свети Николај Чудотворец – патрон и заштитник на градот, истакнувајќи дека овој ден има особено значење за сите прилепчани. Тој

Ким Кардашијан има 50 елки во вилата: „Изгледа како магацин“

45-годишната ријалити ѕвезда сподели видео од импресивната глетка на својот Инстаграм. Огромните елки, покриени со вештачки снег и украсени со илјадници бели светла, го исполнија пространиот влез и дневната соба. „Ова е

Ристовски за МИА: Создаваме европски стандарди во спортот, а не привремени резултати

Министерството за спорт не може да креира успеси во спортот. Успесите ги креираат федерациите, клубовите, тренерите. Ние сме тука да направиме услови што е можно подобри за тие луѓе да можат да

7 ретки особини на личноста поради кои луѓето потајно се заљубуваат во вас

Постојат луѓе кои имаат некаква тивка, речиси незабележлива привлечност. Тие не се најгласни во просторијата. Не се наметнуваат. Немаат потреба по секоја цена да остават впечаток. И сепак, нешто кај нив ги
Go toTop