„Да запрат израелските злосторства и со тоа да се спречи ескалација на насилството во регионот“

July 26, 2024
1 min read

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА)

Вчера Туркије ја повика меѓународната заедница веднаш да ги запре израелските злосторства со цел да се врати мирот во регионот, известува Анадолу.

„Активностите на Израел мора веднаш да се прекинат за да се спречи ескалација на насилството во регионот“, се вели во официјалното соопштение објавено по состанокот на Советот за национална безбедност на Туркије, со кој претседаваше Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Република Туркије.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа на 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 39.200 Палестинци, главно жени и деца, а над 90.400 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда им се наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

– Чистење на Сирија од терористите на ПКК/ЈПГ

Советот за национална безбедност на Туркије исто така наведе дека чистењето на сириските територии од сепаратистичкиот тероризам првенствено ќе ги обезбеди интересите и опстанокот на Сирија, мислејќи притоа на активностите што на тие простори ги спроведува терористичката организација ПКК/ЈПГ.

– Дводржавно решение на кипарско прашање

Советот, исто така, ја потврди поддршката за дводржавно решение за Кипар, залагајќи се за суверена еднаквост на кипарските Турци и меѓународно признавање на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

„Турската кипарска мировна операција обезбедува 50 години мир и сигурност на островот, потврдувајќи ја својата легитимност“, објави турскиот Националниот совет за безбедност, истакнувајќи:

„Туркије ќе му даде приоритет на дијалогот во регионите на Егејот и Медитеранот и нема да дозволи да биде експлоатиран нејзиниот конструктивен пристап.“

– Изнаоѓање праведен и траен мир во Украина

Во соопштението се повикува и на поголеми мултилатерални напори за праведен и траен мир во Украина, нагласувајќи ја потребата од спречување на понатамошна ескалација или ширење на конфликтот.

– Економска соработка со земјите од Африка

На средбата беа оценети и односите развиени на долгорочен план меѓу Туркије и африканските земји, особено Сомалија, Либија, Судан и Нигер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шумски пожари ја пустошат Западна Канада, Трудо ја праќа војската на помош

Следно

Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop