До крајот на годината вработување за 300 приватни специјализанти

July 25, 2024
1 min read

300 специјализанти од вкупно 647 ќе бидат вработени до крајот на годината, а уште 300 ќе останат за следната, најави Министерот за здравство, Арбен Таравари.

Нема да се чека новиот Буџет за вработувања на приватните специјализанти и работниците со договор на дело во здравствените установи, со што Министерството за финансии се задолжува до декември 24-та да обезбеди дополнителни финансиски средства во износ од 38.000.000,00 денари за вработување на првите 300 приватни специјализанти.

Најпрвин ќе се направи регистар, односно база со податоци од специјализантите, потоа анализа за тоа каде најмногу недостигаат и на крај истите ќе се вработуваат според утврдени критериуми.

Освен специјализантите, ќе се бара решение и за оние со договор на дело. Иако со години работат и дежураат исто како и оние што веќе имаат решенија за вработување, на почетокот на годината Министерството изброи вкупно 1.117 лица што со години работат со договор на дело во здравствените установи.

Тогашниот министер за здравство, Фатмир Меџити, велеше дека ќе побрза да ги заврши сите постапки пред изборите за и тие да бидат трајно вработени, но половина година подоцна за овие работници решенијата се сè уште само во најава и како што најави и денес сегашниот министер, се очекува решение за овој медицински персонал до крајот на годината.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден со обраќање до нацијата

Следно

Од МВР за ТВ 24: Се одземаат мобилни, досиеја и електронски податоци од избрани судии

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop