Бајден со обраќање до нацијата

July 25, 2024
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата првпат откако во неделата објави дека се повлекува од изборната трка, и порача дека е загрижен за иднината на американската демократија.

Бајден вели дека се повлекол за да ѝ овозможи на нова генерација да го преземе факелот. И покрај повиците од републиканците веднаш да поднесе оставка, Бајден најави дека ќе го одработи својот мандат до јануари 2025.

„Ја почитувам оваа функција, но уште повеќе си ја сакам земјата“, изјави Бајден во 11-минутното обраќање од Белата куќа.

– Ништо не смее да ни се испречи на патот за да ја спасиме нашата демократија и тоа ги вклучува и личните амбиции. Затоа одлучив дека најдобар пат напред е да го пренесеме факелот на новите генерации, тоа е најдобар начин да ја обединиме нацијата. – изјави Бајден.

Веднаш по обраќањето на Бајден, на својата социјална мрежа се огласи поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат на ноемвриските избори, Доналд Трамп. „Говорот на расипаниот Џо Бајден од Овалната соба беше едвај разбирлив и многу лош!“, напиша Трамп. Потоа Трамп објави уште еден пост во него стил, целиот со големи букви.

„Расипаниот Џо Бајден и лажливата Камала Харис се огромна срамота за Америка – никогаш не сме биле во вакво време!“

Изборната кампања во трката за претседател на САД меѓу потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп почнува без јасно водство на едниот или на другиот, покажува анкетата на Си-Ен-Ен објавена денеска откако претседателот Џозеф Бајден одлучи да не се кандидира за втор мандат. Трамп, додека Бајден беше во трката, водеше пред него со шест поени разлика.

Откако доби подршка од Бајден и од другите демократи почетна позиција на Харис во однос на Трамп е подобра од онаа на Бајден – Трамп ужива поддршка од 49 отсто од анкетираните регистрирани гласачи, а Харис 46 отсто.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првата пештерска џамија во Анадолија отворена за посетителите

Следно

До крајот на годината вработување за 300 приватни специјализанти

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop