Палестина побара од Вашингтон да го повика Нетанјаху да ја запре војната во Газа

July 24, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Палестинското претседателство денес побара од американската администрација да го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веднаш да ја прекине разорната израелска војна во Газа, јавува Анадолу.

Во соопштението издадено од државната палестинска новинска агенција Вафа, портпаролот на претседателот, Набил Абу Рудеине, рече: „Крајно време е американската администрација и Конгресот да му кажат на Нетанјаху дека мора веднаш да ја прекине војната, доколку постои вистинска американска волја да постигне мир и стабилност во регионот наместо наместо да му дозволува да го мами светот кој се противи на војната.“

Тој додаде дека израелското убивање и уништување што се протега од Газа до градовите на Западниот Брег „нема никому да му донесат безбедност и мир“.

„Без сеопфатен прекин на огнот на сите палестински територии, кој било план формулиран за денот по војната никогаш нема да ја види светлината на денот“, изјави палестинскиот претставник.

Денес Нетанјаху треба да се обрати пред американскиот Конгрес, кој се очекува да привлече толпи демонстранти и да се соочи со бојкот од неколку демократски пратеници.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 39.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 90.000 се повредени.

Повеќе од девет месеци од почетокот на израелскиот напад огромни делови од Газа се во урнатини, каде што постои блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што следува по Путин – мислења на експерти

Следно

Ердоган: Туркије ги следи сите чекори на Грција, интервенира во случај на потреба

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop