Камала кај младите стои полошо и од Бајден

July 24, 2024
1 min read

Неодамнешните медиумски стории за Камала Харис сугерираа дека таа е добро позиционирана за да ги придобие младите гласачи. Во реалноста, таа моментално е послаба од Џо Бајден кај гласачите на возраст од 18-34 години.

Потпретседателката губи од Трамп 39-58 меѓу помладите од 35 години во анкета спроведена од 19-21 јули. Тоа е поголема разлика од дефицитот на Бајден од 37-54.

Историски, демократите секогаш добро стоеле кај младите. Во 2020 година, на пример, Бајден во оваа група го победи Трамп со 60-36.

Последнава анкета е во остар контраст со огромниот број написи кои ја прикажуваат Харис како фаворит на Генерацијата З заради нејзината релативно млада возраст и поддршката од славните на кои деновиве им се приклучи и Бијонсе кoja ѝ даде дозвола во кампањата да ја користи нејзината песна „Freedom.“

Меѓутоа, онлајн културата поврзана со Ген З не е репрезентативна за генерацијата како целина. На пример, анти-израелска содржина доминираше на TикТок, војната во Газа беше главна тема на младите активисти на социјалните мрежи, па сепак, анкетите покажуваа дека тоа не е главна тема за младите гласачи. Војната е топ три прашања за 20% од младите гласачи, но трошоците за живот и инфлацијата – теми на кои Трамп силно гази – се клучни прашања за 70% од оваа група.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангелов: Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што треба

Следно

Што следува по Путин – мислења на експерти

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop