Бремер: Не очекувам промена на надворешната политика под водство на Харис

July 24, 2024
4 mins read

Госпоѓо Бремер, кога станува збор за надворешната политика, како би го споредиле она што би можело да биде политиката на потенцијалната администрација на Харис во споредба со она што го доживеавме со претседателот Џо Бајден?

Прво, би сакала да кажам дека ова е историски момент, и ќе видиме како земјата всушност се справува со овој важен историски момент. Ќе кажам и дека сме на веќе позната позиција, бидејќи имаме потпретседател кој истапува како претседател во изборниот процес. Затоа, личноста која доаѓа е добро позната.

Понекогаш на изборите во Соединетите Држави, имаме нови кандидати кои можеби се познати само на државно ниво или како сенатори или гувернери. Во овој случај, имаме личност која е национална фигура, која веќе е дел од администрацијата и била истакнат човек за различни прашања. Така што, би очекувала да видиме во голема мера континуитет со сегашната администрација со некои посебни „истакнувања“ поврзани со интересите на потпретседателот.

Кога станува збор за, трите надворешнополитички теми со кои се бореше администрацијата на Бајден, како што се Русија и Украина, геополитичката конкуренција со Кина, како и Израел и Газа, дали има некои работи што може да се видат во досието на Харис од нејзиното време како сенатор, како потпретседателка, каде што таа играла улога во тоа, што би можело да ја обликува нејзината надворешна политика ако таа биде избрана за претседател?

Навистина, гледам некои конкретни точки што би ги истакнала. Да ја земеме секоја од нив, а јас ќе додадам и четврта. Прво, навистина, драматичното влијание на руската инвазија на Украина ќе продолжи да биде главно надворешнополитичко прашање. Потпретседателката Харис очигледно беше силен бранител на трансатлантската алијанса и конкретно на НАТО. Навистина, ова е област што таа ја издвои како приоритетна.

Ако го погледнеме само нејзиниот распоред на патувања во изминатите три години, таа присуствуваше на Конференцијата за безбедност во Минхен три години по ред, 2022, 2023 и 2024 година. Беше главен говорник на администрацијата на овие настани. Тој собир навистина е собир на трансатлантската национална безбедносна заедница, и очигледно дека таа беше таму како потпретседателка. Така и ќе продолжи. Не е изненадувачка, ако го погледнеме она што таа го рече на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција, истакнувајќи ја важноста на НАТО алијансата, цврстината на американската поддршка за Украина. Значи, во оваа смисла, таа би се квалификувала како класичен атлантист.

Исто така, јас би рекла дека таа, го носи истиот дух во нејзината работа за прашањата на Индо-Пацификот. И навистина, таа зборуваше за важноста на сојузите на Соединетите Држави, повторно, за силната традиционална надворешна политика на САД, и како потпретседателка многу патуваше. Ќе забележам дека беше во Јужното Кинеско Море, таа зборуваше за кинеското оспорување на правата на Филипините на сопствените национални води. Таа е запознаена со овие теми. Зборуваше за важноста на сојузите на Соединетите Држави и другите партнерства, за прашањата за националната безбедност. Таа ќе продолжи да работи во тој правец, на истакнување на важноста да работиме со другите, со сојузниците и партнерите за да ги браниме меѓународните норми.

Третата точка, кризата во Газа и ужасите што следеа, сите различни аспекти овде. Сите сме длабоко вознемирени од загубата на животи од сите страни. И мислам дека Харис беше избалансирана во своите коментари, препознавајќи ја, се разбира, цврстата поддршка на САД за постоењето и безбедноста на Израел, но и правата на палестинскиот народ и признавањето на важноста на решението за две држави, нешто што таа го поддржуваше кога беше сенатор и продолжува да го поддржува.

Запомнете дека таа е адвокат. Таа ја препознава улогата на меѓународните правни принципи во меѓународниот систем, признава дека луѓето имаат права. Постои важен дел од хуманитарното право. Така што, мислам дека таа ќе се обиде да води политика која исто така ќе ги признае овие основни принципи покрај самоодбраната на националните држави.

И ако можам да додадам и четврта тема овде, повторно, гледајќи го нејзиното досие како сенатор. Таа беше сенатор од државата Калифорнија, и ја гледа нацијата како целина. Со оглед на важноста на решавањето на прашањата за климатските промени, можеби тота ќе биде тема на која особено ќе внимава.

Дали можете да зборувате малку и за улогата и важноста што покрај тоа која е Камала Харис и во што верува, ќе ја има и тимот околу неа и улогата што тој тим ја игра во обликувањето на работите? Мислам дека тоа е нешто за кое многу луѓе се секогаш љубопитни, да разберат како се создава надворешната политика и како мислите дека луѓето кои би можеле да бидат околу неа во иднина би можеле да влијаат на неа?

Еден од важните аспекти што треба да се има на ум при формулирањето на надворешната политика е дека имате мешавина од неколку различни елементи, од кои еден е збир на дел од повеќето американски администрации со децении. Потоа, постојат некои интереси за одреден лидер, без разлика дали е претседател или потпретседател и други, а она што тие можеби сакаат да го истакнат, тоа може да бидат прашања за меѓународниот развој или можеби се однесуваат на климатските промени.

Тие може да имаат одредени теми што им се интересни, кои можеби се меѓународни прашања за човековите права, но без разлика на темите што мислат дека се интересни, ќе има теми што ќе им се наметнуваат.

Така што сегашната администрација, кога ја презеде функцијата во јануари 2021 година, гледаше да ги поправи односите на Соединетите Држави со нивните сојузници и другите партнери, справувајќи се со тековното наследство на пандемијата, но и за климатските промени и други прашања. Тие на пример, именуваа претставник за климата. Сепак, она што доминира во секојдневниот живот на претседателот и потпретседателот, се разбира, е руската инвазија на Украина и кризата во Газа. Со други зборови, надворешно-политички кризи кои не беа нешто што беше на нечија агенда овде во Вашингтон.

Така што, на крајот, администрациите треба да се справат со кризата на денот. Мислам дека една работа што треба да ја гледате е дека на прашањата се пристапува со сет утврдени принципи. И така, тие принципи ќе бидат за оние области каде што можете да преземете иницијативи, но тие исто така ќе ги поткрепат вашите одлуки во кризна состојба.

И затоа е важно разбирањето какви се тие принципи затоа што ви помага да почнете да размислувате за тоа како лидерот може да одговори на кризата. И во оваа смисла, мислам дека е смирувачко за многумина од набљудувачите на политичката сцена на Соединетите Држави што на потпретседателката се гледа како на класичен претставник на традиционалниот пристап на надворешната политика на САД, иако таа ќе донесе и свои елементи кон неа. Каков ќе бидат тие елементи, ќе видиме во текот на изборната кампања.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Казнети 110 возачи во Скопје

Следно

Во авионската несреќа во Непал извлечени 18 мртви тела

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ, заменичка на неврохирургот на Заев, Филипче, ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Неврохирургот на Заев, Венко Филипче и поранешната претседателка на Сорос во Македонија, Викторија Аврамовска Мадиќ не можат да бидат новите лица на СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. И двајцата се

Магливо наутро, преку ден сончево време!

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во Скопје

Премиерот Мицкоски денеска во Костал: Трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Собраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може

Таеквондистот Дејан Георгиевски се враќа со сребрен медал од Г1 Светскиот куп во БиХ

Сребрен медал освои македонски таеквондист Дејан Георгиевски од Босна и Херцеговина Опен Г1. Нови вредни бодови за Георгиевски на патот до обезбедување норма за учество на следните Летни олимписки игри во Лос Анџелес 2026.
Go toTop