Земјите од ЕМЕА учествуваат со 39 отсто во продажбата на „Адидас“, кој од рекламната кампања ја исфрли Бела Хадид

July 23, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) 

Компанијата за спортска облека и опрема „Адидас“ минатата недела манекенката Бела Хадид, позната по нејзините пропалестински ставови, ја исфрли од рекламната кампања за ретро патиките SL72, оригинално дизајнирани за Олимпијадата во Минхен во 1972 година, известува Анадолу.

Имено, Европа, Блискиот Исток и Северна Африка учествуваат со 39 отсто во продажбата на „Адидас“, а кампањата за патики „Адидас SL72“ на Хадид беше повлечена поради реакцијата на лоби групите и институциите што го поддржуваат Израел.

Според порталот ТМЗ, Хадид, која има палестинско потекло, се подготвува да води правна битка против компанијата и веќе ангажирала правен тим.

„Продолжуваат да се прават поврзувања со ужасната трагедија што се случи на Олимпијадата во Минхен поради нашата неодамнешна кампања SL72. Овие врски не се намерни и се извинуваме за каква било вознемиреност или проблеми предизвикани во заедниците низ светот. Направивме ненамерна грешка“, објави „Адидас“ на својот профил на Инстаграм.

– Блискиот Исток и Африка имаат удел од 39 % во приходите од продажба на „Адидас“

„Адидас“, еден од најголемите светски брендови за спортска облека и опрема, вработува 59.000 луѓе низ светот и минатата година оствари нето-продажба во висина од 21,4 милијарди евра.

Европа, Блискиот Исток и Африка (ЕМЕА) имаат удел од 39 % во приходите од продажба на компанијата заклучно со 2023 година, Северна Америка 25 %, Кина 15 %, а Азиско-пацифичкиот Регион и Латинска Америка со по 11 %.

Нето-продажбата на „Адидас“ во регионот ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) се намали за 4 % во 2023 година во споредба со претходната година и падна на околу 8,9 милијарди долари. Германската компанија ја заврши 2023 година со загуба од 63,4 милиони долари.

– Израел ja обвини Хадид за антисемитизам

Хадид, американска манекенка со палестинско потекло, е отстранета од рекламата за патики на која таа беше заштитно лице, по објавата што државата Израел ја даде на својот официјален профил на Х.

Во таа објава Хадид е обвинета за антисемитизам, со тврдење дека повикува на насилство.

Портпаролот на компанијата за производителот на спортска облека и опрема „Адидас“ се извинил поради „тагата и вознемиреноста“ предизвикани од појавувањето на манекенката Хадид, позната по своите антиизраелски ставови, во рекламата за патики користени на Олимписките игри во Минхен во 1972 година.

Манекенка Бела Хадид била вознемирена поради тоа што компанијата направила реклама што секого би го асоцирала со трагедијата што се случи на Олимписките игри во Минхен 1972 година, додавајќи дека насилство е спротивно на нејзините ставови.

За време на Олимписките игри во Минхен во 1972 година 11 израелски спортисти беа земени за заложници. По повеќечасовна заложничка драма, неуспешниот обид на германската полиција да ги ослободи заложниците резултираше со смртта на 11 израелски спортисти, 5 киднапери и еден германски полицаец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопскиот градски превоз ги тормози возачите и патниците, решение нема

Следно

По петнаесетдневниот топлотен бран во Грција, од денеска пад на температурите

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop