Од месец мај, нема повеќе пушење џоинт на јавни места во Амстердам

February 9, 2023
1 min read

Луѓето од средината на мај веќе нема да можат да пушат марихуана на јавни места во историските области на Амстердам, бидејќи холандските власти се борат против негативните ефекти од масовниот туризам.

Согласно останатите измени, рестораните мора да се затворат порано, а проститутките порано да завршат со работа во квартот на црвените светла Вален, се вели во соопштението на градот. Потезите имаат за цел да ја направат населбата побезбедна и поудобна за жителите, се вели во соопштението, истакнувајќи дека ноќе, атмосферата понекогаш може да биде „многу мрачна“. Локалните жители со годините се жалат на пиењето, викањето и пушењето. Туристите привлекуваат и дилери на дрога, кои пак создаваат криминал, зголемувајќи ги опасностите на улиците, се вели во соопштението од градот.

Една од причините зошто туристите ги привлекува Амстердам се кафулињата каде што на туристите им е дозволено да купуваат мали количини хашиш и марихуана.

Градските власти размислуваат дали да ја ограничат продажбата на кафулиња во периодот од 16 часот попладне до 1 часот по полноќ.

Новите правила се дел од поширокиот сет мерки за заштита на локалното население, со дополнителни правила според кои пабовите ќе мора да престанат да примаат гости по 1 часот по полноќ.

Проститутките ќе мора да ги затворат прозорците до 3 часот наутро, наместо до 6 часот наутро.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 20 000 загинати во катастрофата во Турција и во Сирија, спасувачките операции се во тек

Следно

ОФИЦИЈАЛНО: Алијанса за Албанците влегува во Владата – добива ТРИ министерски места и други раководни позиции

Latest from Blog

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop