Хаџиу: Србија организира бегство на затвореници за да му наштети на јавниот поредок на Косово

July 21, 2024
1 min read

Министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу вели дека владата на Србија има удел во некои од бегствата на затвореници од косовските затвори со цел да се наруши јавниот, правниот и уставниот поредок на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реагирајќи на случајот со Фатон Хајризи, кој во петокот беше убиен од полицијата во Србија, откако претходно уби еден и рани уште еден полицаец, Хаџиу во објава на Фејсбук нагласи дека некои бегалци од косовските затвори наоѓаат засолниште во државата Србија и сето тоа, според за неа, е намерно и организирано.

Таа вели дека оваа информација ја добила од безбедносните служби на Косово.

– Важно е да се истакне фактот дека бегството на некои лица по кои трагаат одговорните институции во Република Косово се одвива само во една насока: на територијата на Србија. Информациите на нашите органи сугерираат дека барем во некои случаи овие бегства биле креирани, организирани, коорганизирани и олеснети од криминални групи поврзани со структури на моќ на територијата на Србија, напиша Хаџиу.

Оваа организација, според неа, се состои во давање гаранција дека „на таквите лица, територијата на Србија, тамошните криминални групи и одредени нивоа на моќ им нудат заштита од кривично гонење во Република Косово“.

– Заштитата не е дадена само со неекстрадиција туку и со каква било информативна соработка со органите на правдата на Република Косово. Таквата поддршка е несомнено намерна, организирана и поврзана со цел да се наштети на јавниот, уставниот и правниот поредок на Република Косово. Нудењето на територијата на Србија како штит против гонењето на кривичните органи на нашата Република му служи на криминалот и отворено придонесува за нарушување на институционалната и правната стабилност на Република Косово. Систематската зачестеност на овие случаи во овој период нема друго значење освен агресивната политичка цел на нашиот северен сосед, напиша Хаџиу.

Таа побара домашна и меѓународна истрага за организацијата и коорганизацијата на бегствата на затворениците, притворените и оние кои ги бара правдата во Косово, на територијата на Србија.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во овие три знаци се родени луѓе кои ќе ве повредат без каење

Следно

Војната во Газа: Палестинските браќа Салах и Абдула прават протетски екстремитети од водоводни цевки

Latest from Blog

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од
Go toTop