Роналдо ги постигна првите два гола од игра во Саудиска Арабија и ја надмина „границата 500“ (ВИДЕО)

February 9, 2023
1 min read

Кристијано Роналдо до денеска имаше постигнато гол од пенал во Саудиска Арабија, но во период од 20 минути го покажа сето свое фудбалско знаење и само демонстрираше зошто речиси 20 години наназад важи за најдобар светски голгетер.

Португалецот постигна два гола за предност од 0:2 на Ал Наср во дуелот со Ал Вехда, а со тоа ја надмина границата од 500 постигнати голови во домашните првенства.

Со првиот гол кој го постигна со левата нога, Кристијано стигна точно до 500 лигашки голови во својата неверојатна кариера, но пред крајот на првиот дел постигна уште еден.

Напаѓачот доби топка во празно и без проблеми го матираше противничкиот голман со удар со десната нога, па сега сигурно ќе брка хет-трик во вториот дел.

Ова се први голови од игра за Роналдо по доаѓањето во Саудиска Арабија, земја која навистина многу инвестираше за да го донесе славниот Португалец во своето првенство.

Головите погледнете ги ТУКА

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоилковиќ: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сигурност нема да гласаат за уставни измени, а има и неколку пратеника од владејачкото мнозинство што нема да гласаат

Следно

Пожар избувнал во напуштена куќа на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир маало.

Latest from Blog

СДСМ: Со измените на Законот за минерални суровини, ВМРО-ОКГ подготвува еколошки геноцид и грабеж

Законот не е за доброто на граѓаните, туку за профитот на малкумина во бизнис шемите на Мицкоски. Овој закон е скандал сам по себе. 1.Еколошки геноцид наместо здравјето на луѓето. Тврдењето дека

Кривична за екс директорка од Дојран: Активирала паркинг зона без согласност од институциите и оштетила граѓани за околу 240 илјади денари

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Р.Р. (62) од Стар Дојран, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според пријавата, како директор на јавно претпријатие

Божиновска: Македонија има потенцијал – младите носат енергија и промени

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го отвори Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации, истакнувајќи дека станува збор за платформа каде идеите добиваат форма, а визиите

Комуналец – Прилеп: Отстранет отпадот од џамијата, следува редовно одржување

Вработените од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со доброволци од Исламската верска заедница и под надзор на стручни лица од НУ „Завод и музеј“, денеска спроведоа финална акција за чистење на внатрешноста
Go toTop