Квотите на факултетите догодина ќе се дефинираат врз основа на анализа на пазарот на трудот

July 20, 2024
1 min read

Од следната година квотите на високообразовните установи ќе се дефинираат врз основа на анализа на пазарот на трудот и податоци кои ќе ги добиеме од Агенцијата за вработување и други институции, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Оваа година немавме време да интервенираме во конкурсот, бидејќи истиот веќе беше подготвен од претходното раководство, а поради краткиот рок новата Влада мораше да го усвои без можности за корекции. Но, анализата е почната. Одредени квоти мора да се редуцираат, на пример на Македонија не и требаат толку многу правници, а и требаат наставници по математика, физика, хемија и ние ќе ги стимулираме младите со стипендии да ги одбираат дефицитарни занимања“, потенцираше Јаневска, нагласувајќи дека се размислува за воведување на приемни испити на сите високообразовни установи, но за тоа дополнително ќе се дискутира.“ – вели таа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските сили неутрализираа 19 терористи на ПКК во северен Ирак и Сирија

Следно

Дејан Кулушевски се сели во Наполи

Latest from Blog

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9
Go toTop