Турскиот министер за финансии Шимшек: „Мудис“ го зголеми кредитниот рејтинг на Туркије по 11 години

July 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек изјави дека меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ за првпат го зголемила кредитниот рејтинг на Туркије за две нивоа, јавува Анадолу.

„’Мудис’, кој го зголеми кредитниот рејтинг на нашата земја по 11 години благодарение на програмата што ја имплементиравме, задржа позитивни изгледи за Туркије“, рече Шимшек на социјалните мрежи.

Тој истакна дека урамнотеженоста на економијата, намалувањето на потребата од надворешно финансирање, зголемување на девизните резерви и процесот на дезинфлација се клучни за зголемувањето на рејтингот.

„Ќе продолжиме да ги спроведуваме нашите политики засновани на правила и предвидливост кои одлучно ја зголемуваат отпорноста на нашата економија“, рече Шимшек.

Кредитниот рејтинг на Туркије беше Б2 (стабилен) во мај 2023 година, а сегашниот рејтинг е Б1 (позитивен).

Глобалната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ објави дека го зголемила долгорочниот емитент во странска и домашна валута на Туркије, како и кредитниот рејтинг во странска валута од Б3 на Б1.

Глобалната рејтинг агенција наведе дека изгледите во Туркије и понатаму се позитивни.

Инфлацијата и домашната побарувачка почнаа да се намалуваат, а се очекува инфлаторните притисоци значително да ослабнат во наредните месеци и во 2025 година, се наведува во соопштението на агенцијата „Мудис“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во Газа надмина 38.900, Израел уби уште 37 Палестинци

Следно

Лефков: Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop