Туркије: МСП потврди дека Израел спроведува политика на окупација и угнетување на Палестинците

July 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Меѓународниот суд на правдата (МСП) правно потврди дека Израел спроведува политика на окупација и угнетување на Палестинците, објави синоќа турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

Како што се наведува во советодавното мислење на МСП, „Израел треба што поскоро да го прекине присуството на палестинските територии и да ја надомести штетата што ја предизвика“, се вели во соопштението на Министерството.

„Меѓународната заедница е должна да заземе одлучен и цврст став за да ги запре илегалните практики на Израел“, наведе турското Министерство.

Потсетуваат дека Туркије го поддржа процесот во МСП, давајќи писмени и усни придонеси за советодавната одлука на Судот.

„Ние и понатаму ќе продолжуваме да настојуваме злосторствата извршени над Палестинците, вклучително и делата што претставуваат геноцид што во моментов се вршат врз народот на Газа, да не поминат неказнето“, се заклучува во соопштението.

МСП во одлуката наведе дека израелската повеќедецениска окупација на палестинската територија од страна на Израел е „незаконита“ и треба да заврши „што е можно поскоро“.

Кон крајот на 2022 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која од Меѓународниот суд на правдата (МСП) да донесе советодавно мислење за правните последици кои произлегуваат од израелската окупација на палестинските територии од 1967 година и како политиката и практиката на Израел влијае на правниот статус на окупацијата и кои се правните последици кои произлегуваат од тој статус за сите држави и ОН.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илјадници граѓани на Јордан на собир за поддршка на Газа: Народот не сака нормализација на односите со Израел

Следно

Убиена поранешна пратеничка во украинскиот парламент и лингвист Ирина Фарион

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop