Претседателот не е надлежна институција за набавка на лекови, реакција од кабинетот на Пендаровски за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ

February 9, 2023
2 mins read

Во барањето на Асоцијацијата за цистична фиброза за средба со претседателот во јуни 2021 година ниту тие не бараат претседателот да ги набавува неопходните лекови, затоа што знаат дека надлежните институции за тоа се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, се вели во реакцијата од кабинетот на Пендаровски

Претседателот не е надлежната институција за набавка на лекови, реагираат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во врска со ставовите искажани од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваат на ветувања за набавка на лекот за цистична фиброза.

„За жал, не бил неписмен само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, туку и оние кои го пишувале соопштението на таа политичка партија. Ако можеме некако да им помогнеме на луѓето во ВМРО-ДПМНЕ, во прилог им го доставуваме барањето на Асоцијацијата за цистична фиброза за средба со претседателот во јуни 2021 година, во кое ниту тие не бараат претседателот да ги набавува неопходните лекови, затоа што знаат дека надлежните институции за тоа се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување“,

се наведува во реакцијата од кабинетот на претседателот.

Оттаму посочуваат дека во соопштението од средбата никаде не се споменува ветување за набавка на лек, затоа што, како што нагласуваат, за оние кои ги разбираат работите, претседателот не е надлежната институција за набавка на лекови.

„Не веруваме дека јасната содржина во двата документи ќе ви помогне да разберете за што се работи, затоа што е јасна вашата цел, да го дискредитирате политичкиот противник и кога немате буквално ниту еден аргумент на своја страна. Нечовечки е да ги злоупотребувате личните и семејните трагедии на луѓето за добивање политички поени“,

велат од кабинетот на Пендаровски.

Оттаму повторуваат дека иако претседателот не е надлежен за набавка на лекови, тој смета дека сите лица од оваа категорија на болни мора најитно да ја добијат неопходната терапија.

„Претседателот Пендаровски искрено сочувствува со семејството на починатиот Благојче Илиевски. Точно е дека претседателот Пендаровски има одржано не една, туку повеќе средби со здруженијата на граѓани болни од цистична фиброза на нивно барање. И, не само со нив, туку и со многу други здруженија на граѓани во кои членуваат или работат со граѓани од ранливите групи. Секогаш и безусловно претседателот и Кабинетот се заложуваат да решат што повеќе системски проблеми кои ги имаме во нашата држава, независно што не спаѓаат во негови надлежности“,

велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. 

Во однос на обезбедување на лекот „Трикафта“, како што се наведува во реакцијата, претседателот Пендаровски, како и членовите на неговиот Кабинет имаа комуникација и дадоа повеќе предлози до надлежните институции: Владата, министерот за финансии, министерот за здравство и до менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување за тоа како и од каде да се обезбедат средства за набавка на лекот.

Денеска пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на прес-конференција го повика претседателот Стево Пендаровски да си поднесе оставка поради, како што рече, негрижата на државата и лажните ветувања за болните од цистична фиброза.

Ковачки, покажувајќи фотографија од Пендаровски со Благојче Илиевски, кој вчера ја изгуби битката со болеста чекајќи го лекот „трикафта“, ги обвини претседателот и премиерот Димитар Ковачевски дека ги користеле болните за „сликање и себепромоција“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Алијанса за Албанците вечерва дефинитивно одлучува дали ќе станат дел од Владата

Следно

Македонската армија спаси дете во Турција кое повеќе од три дена било затрупано под урнатините (ВИДЕО)

Latest from Blog

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата презентира нов концепт на водење на економијата кој значи модернизација и зголемена конкурентност

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше за економската ренесанса која е во тек и се случува на

СДСМ: Мицкоски прави де фокус од проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, не може тој да зборува за „квалитет на кадри“

Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за „квалитет на кадри“. Во неговите редови има луѓе осудени за криминал, лица кои се под истраги од институциите и личности чиј углед е

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има направено уредување што претходно никогаш не било направено, граѓаните од Кочани имаат само една цел – реалокација односно затворање на депонијата

„Колега Крмов, благодарам најпрво за грижата меѓутоа очигледно е дека позади оваа грижа стои интерес како да се освојат ситни политички поени на еден проблем кој што е навистина горлив и на

Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково

Ве информирам дека задутре во советот на Општина Новаци е закажана седница на која ќе се формира Претпријатие за регионална депонија и врз основа на таа одлука сите општини ќе може да
Go toTop