Виктор Орбан со дрвја и камења распали по Урсула Фон дер Лајен

July 19, 2024
1 min read

Виктор Орбан истури низа критики врз старо-новата шефицата на ЕК, порача дека е разочаран од реизборот на Урсула фон дер Лајен. 

Премиерот на Унгарија, земјата која во моментот претседава со Европската Унија, на само еден ден откако Европскиот Парламент, по втор пат и ја даде довербата на Фон дер Лајен, не штедеше на остри зборови упатени до неа. 

Во интервју за унгарското државно радио, Орбан, порача дека фон дер Лајен, не е политички противник, туку вработена која изминатите 5 години правела отстапки од дадените насоки, а земала плата од европскиот буџет.

– Европската политика функционира во карактеристичен систем, систем кој е различен од она на што сме навикнати овде дома: Фон дер Лајен, не е политички противник, таа е наш вработен, таа е и ваша вработена. Европската комисија и нејзиниот лидер треба да следат насоки на Европскиот совет – тело составено од шефови на влади и држави – само затоа што, таа е вработена која ја зема својата плата од европскиот буџет. Проблемот не е што прави фон дер Лајен, туку што премиерите и дозволија да отстапи од насоките или да продолжи со мала ефикасност по зацртаниот курс. – рече Орбан.

Орбан најави и дека новата група – Патриоти за Европа, наскоро ќе формира значајни сојузи и ќе биде втора по големина во Европарламентот. Го впери прстот и кон лидерот на Европската Народна Партија, порача дека Манфред Вебер ги мрази Унгарците и дека промовира војна и миграции. 

Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, пак, вчера за време на нејзиниот реизбор, во обраќањето до европарламентарците, го осуди Виктор Орбан поради патувањето во Русија.

–  А некои, во Европа, си играат заедно. Пред две недели, премиер на ЕУ отиде во Москва. Оваа таканаречена мировна мисија не беше ништо друго освен мисија за смирување. Само два дена подоцна, авионите на Путин ги насочија своите проектили кон детската болница и породилиштето во Киев. Сите ги видовме сликите на деца облеани во крв. Тој штрајк не беше грешка. Тоа беше порака. Застрашувачка порака од Кремљ до сите нас. – изјави Урсула фон дер Лајен претседателка на ЕК.

Фон дер Лајен вчера беше реизбрана со 401 глас, од вкупно 707 европратеници. Претходеше долга дискусија, каде се покажа силна поларизација и тензија во новиот состав на Европарламентот. Полска европратеничка искина два труда, ја обвинуваше фон дер Лајен за Зелениот план и Пактот за миграција и азил. Имаше и инцидент, европратеничка од Романија беше исфрлена од парламентарната сала, откако со викање ја прекина дебатата што беше во тек.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворена реставрираната палата Јилдиз: Симболот на Истанбул ги отвори вратите за посетителите

Следно

ИјЗ: Внимателност кај граѓаните кои патуваат во земји каде се евидентираат болести кои се пренесуваат со комарци

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на клупите во населбата Точила

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на клупите поставени за одмор и

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во финална фаза на изградба

Автопатот Охрид–Кичево, еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ВЛЕН денеска станува единствена партија, конгрес во Скопје

ВЛЕН денеска во Скопје на конгрес официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, со што досегашната коалициска структура ќе прерасне во една партија. Со новата организациска поставеност, копретседатели ќе бидат Изет

Коњановски: Запуштениот простор зад полицијата во Битола доби нов изглед

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски информираше дека е завршено партерното уредување на просторот зад зградата на битолската полиција, локација каде претходно биле отстранети гаражи и времени објекти. Според Коњановски, станува збор
Go toTop