Трамп после атентатот: Бајден ќе почне Трета светска војна

July 19, 2024
1 min read

„Се кандидирам да бидам претседател на цела Америка, а не на половина, бидејќи нема победа во победа на една половина“, рече стандардно воинствениот Трамп, овојпат со невообичаен за него „обединувачки“ тон.

Се разбира, не пропушти да ја зацвсти поентата дека неговото преживување е „милост на семоќниот Бог“ и порача дека „Бог е на моја страна.“

„Денес не требаше да бидам овде,“ кажа Трамп на што верната публика му реплицираше „Требаше, требаше!“

И покрај необично помирливиот тон, Трамп не пропушти да удри по политиките на Џо Бајден тврдејќи дека тие ќе водат кон Трета светска војна и дека тој е единствениот кој може ефикасно да го спречи ова сценарио, како и инвазијата на мигрантите преку јужната граница. 

„Ќе ѝ ставам крај на секоја меѓународна криза која ја создаде актуелната администрација, вклучувајќи ја војната меѓу Русија и Украина, до која немаше ни да дојде да бев јас претседател,“ вети Трамп.

За загревање, на присутните претходно им бил пуштен филм за животот на Доналд Трамп а Меланија влезе со придружба на класична музика.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕВН Македонија: Снабдувањето со електрична енергија во Скопје се очекува да се нормализира за околу еден час

Следно

ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ АКТЕР БОБ ЊУХАРТ

Latest from Blog

Милан има нов напаѓач

Екипата на Милан успеа да го обезбеди на позајмица во моментов играчот на англискиот Вест Хем, германскиот интернационалец, Никлас Филкруг. Договорот, е сите трошоци на име на плата на напаѓачот да ги
Go toTop