Акропол затворен поради високите температури

July 17, 2024
1 min read

Поради топлотниот бран и високите температури Акропол во Атина денеска ќе биде пет часа затворен во периодот меѓу 12 и 17 часот, соопштија од Министерството за култура на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според прогнозите денеска и утре во земјата се очекува температурата да достигне до 42-43 степени Целзиусови, од вчера во сила се вонредни мерки за заштита на вработените во приватниот и државниот сектор, а меѓу другото за оние кои работат на отворено предвиден е прекин со работа во периодот од 12 до 17 часот.

Во текот на вчерашниот ден највисока температура, 41,5 степени, согласно податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, била регистрирана во западниот дел на Грција, а деветти ден по ред максималната температура биле над 40 степени.

Од 507 активни автоматски метеоролошки станици, 168 регистрирале температури над 37 степени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДРАМА НА МИКОНОС: Мет Дејмон итно евакуиран од бар на плажа

Следно

Американските федерални власти предупредуваат на потенцијално насилство по обидот за атентат на Трамп

Latest from Blog

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop