Доналд Трамп официјално кандидат за претседател на САД

July 16, 2024
2 mins read

Доналд Трамп и формално номиниран за претседателски кандидат на Републиканската партија. Два дена по обидот за атентат, со завој врзан на едното уво, Трамп се појави на конвенцијата на републиканците во Милвоки и убедливо победи на внатрепартиските избори.

Изборот на Трамп за втор човек на државата падна за сенаторот од Охајо, Џејмс Дејвид Венс, кој ќе стане потпретседател ако победат на изборите закажани за ноември.

„По долго размислување и разгледување, и имајќи ги предвид огромните таленти на многу други, решив дека личноста која е најпогодна да ја преземе позицијата на потпретседател на Соединетите Американски Држави е сенаторот Џ.Д. Венс од Големата држава Охајо.“ – изјави Трамп.

Џејмс Дејвид Венс беше жесток критичар на Доналд Трамп за време на неговиот прв претседатлски мандат, јавно нарекувајќи го идиот а еднаш го спореди и со Адолф Хитлер. Неговите ставови подоцна се променија и Венс од противник, стана еден од најжестоките поддржувачи на Трамп. 39-годишниот сенатор од Охајо ги отфрла обвинувањата дека Трамп е виновен за нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година а се противи и на американската воена помош за Украина.

.- Трамп ми кажа, види, мислам дека треба да ја спасам оваа земја. Мислам дека ти си лиќноста што може да ми помогне да го направам тоа. Можеш да ми помогнеш со управување на државата, можеш да ми помогнеш да победам, можеш да ми помогнеш во некои од овие држави од Средниот Запад како Пенсилванија, Мичиген. Сигурно бев скептичен кон Доналд Трамп во 2016 година, но претседателот Трамп беше одличен претседател и ме промени. Мислам дека го промени мислењето на многу Американци затоа што обезбеди мир и просперитет.“ – изјави Џејмс Дејвид Венс кандидат за потрепретседател на САД.

Дел од аналитичарите во САД сепак не веруваат дека Венс, кој бил дел од американската армија а работел и како бизнисмен во Сан Франциско, ќе успее да ги привлече гласачите…

„Мислам дека Џ.Д. Венс, иако е од Охајо и автор на попиларна кмнига со која многумина се идентификуваат, нема харизма и не е тип на кандидат кој ќе успее да ги привлече гласачите.“ – изјави изјава Рина Шах политички аналитичар.

А во интервју за Ен Би Си Њуз, претседателот на САД Џо Бајден, изјави дека згрешил што ги охрабрил своите поддржувачи да го направат републиканскиот кандидат Доналд Трамп нивна мета, иако не пропушти можност да го обвини Трамп за насилната реторика која ја користи во обраќањата.

Американскиот претседател е под се поголем притисок од членовите на демоктарската партрија, нивните донатори и активисти да се откаже од изборите по лошиот настап во дебатата со Трамп, но неколкупати ја отфрли можноста да ја напушти претседателската трка…

„Грешка беше да се употреби тој збор. Мислев дека треба да се фокусираме на него. Фокусирајте се на она што тој го прави, фокусирајте се на неговите политики, фокусирајте се на бројот на лаги што ги кажал во дебатата. Јас не сум тип кој кажува такво нешто. Јас не сум тип кој одби да го прифати исходот од изборите. Јас не сум тип кој рече дека нема да го прифати исходот од овие избори. Фокусот е на она што Трамп го зборува и на неговата идеја.“ – изјави Бајден.

А откако ја доби номинацијата од републиканците, Трамп издвојува уште една победа. Судот во Флорида, ја отфрли кривичната постапка против поранешниот претседетл, во која Трамп е обвинет дека незаконски чувал доверливи документи по напуштањето на функцијата. Според судијата кој го води случајот, специјалниот обвинител е незаконски назначен и нема овластување да го води случајот.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Куртулмуш: Никој нема да ни држи лекции за демократија, најскапо платена е турската демократија

Следно

Убиен војник во Македонски брод, осомничено едно лице

Latest from Blog

Младите во борба против корупцијата – Ристеска: За корупцијата се зборува многу, но има малку резултати

Борбата против корупцијата е приоритет и младите треба да бидат охрабрени да ја препознаат и да станат отпорни на секојдневната корупција. Ова го истакна Вирџинија Елиот претставник на амбасадата на САД, која

Градоначалникот на Бутел Костовски: Буџетот на општината за 2025 година ќе го направиме заедно со жителите и за нивните потреби

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со неговиот тим, направија важен чекор кон активно вклучување на граѓаните во креирањето на буџетот на општината за 2025 година. Организирани екипи на општината од

ПОМИНАА ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, А УШТЕ НЕ СЕ КОРИСТИ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРКАТА ИСКРА ПАНОВСКА-ДИМКОВА

Законот за македонски јазик не се применува иако беше изгласан уште пред 10 месеци во Собранието, а не е формиран ниту Инспекторат кој треба да врши надзор за примената за законот, рече

Парламентарните групи за соработка како мост за приближување со Чешка

Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешка. На средбата присуствуваше и чешкиот
Go toTop