Кремљ: Зеленски да каже каков мировен самит планира

July 16, 2024
2 mins read

Европските комесари ќе ги бојкотираат неформалните состаноци што ги одржува унгарскиот премиер Виктор Орбан, а наместо тоа ќе бидат претставени од бирократи од пониско ниво за време на траењето на шестмесечното ротирачко претседателство на Будимпешта со Европската Унија, објави Европската комисија, по неодобрените состаноци на Орбан со рускиот и кинескиот лидер Владимир Путин и Кси Џинпинг.

„Во светло на неодамнешните случувања што го означуваат почетокот на унгарското претседателство, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одлучи дека Комисијата ќе биде претставена на ниво на високи државни службеници само за време на неформалните состаноци на Советот“, објави Ерик Мамер, главниот портпарол на Фон дер Лајен, на платфрмата X.

Унгарија протестираше поради најавата, при што министерот за европски прашања Јанош Бока ја обвини комисијата дека одбира институции и држави членки со кои сака да соработува.

„Комисијата на ЕУ не може да има институции и земји-членки со кои сака да соработува. Дали сите одлуки на Комисијата сега се засноваат на политички размислувања“?, напиша Бока на Х.

Потегот на комисијата доаѓа по непотврдениот извештај во Политико дека шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, планира да ги свика министрите за надворешни работи на блокот на свој „формален“ состанок на советот во исто време кога Унгарија закажа сличен собир во август.

Орбан, чија земја го презеде претседавањето со ЕУ на 1 јули, полета за Москва на 5 јули, а потоа за Кина, без да го извести блокот предвреме, наводно за да разговара со Путин и Кси за крај на војната во Украина. Орбан, кој одржува пријателски односи со Путин, беше во судир со остатокот од ЕУ, изразувајќи го своето противење на санкциите против Москва поради нејзината инвазија на Украина.

По неговите разговори со Путин во Кремљ, Орбан на прес-конференција рече дека неговото патување претставува „прв чекор за обновување на дијалогот“ меѓу завојуваните страни.

Ројтерс на 16 јули објави дека Орбан испратил писмо до лидерите на ЕУ во кое се вели дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е подготвен да дејствува „веднаш“ како мировен посредник доколку го победи актуелниот Џо Бајден на претседателските избори на 5 ноември.

„Можам сигурно да кажам дека набргу по неговата изборна победа, тој нема да чека до неговата инаугурација и ќе биде подготвен веднаш да дејствува како посредник за мир. Тој (Трамп) има детални и добро основани планови за ова, “, напиша Орбан, долгогодишен поддржувач на Трамп.

Орбан додаде, дека Бајден „вложува огромни напори“ да остане во трката и посочи дека „не е способен да ја измени актуелната провоена политика на САД“.

Во меѓувреме, кога станува збор за поддршката на Украина, победата на Трамп би можела да го префрли врз ЕУ, финансискиот товар меѓу Вашингтон и Брисел.

Самонаречената мировна мисија на Орбан беше остро критикувана и од ЕУ и од Соединетите Држави.

„Смирувањето нема да го спречи Путин. Само единството и решителноста ќе го отворат патот кон сеопфатен, праведен и траен мир во Украина“, напиша фон дер Лајен на X по патувањето на Орбан во Москва.

Белата куќа се приклучи на критиките, а прес-секретарот Карин Жан-Пјер рече дека посетата „нема да ја унапреди каузата за мир и е контрапродуктивна за промовирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина“.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хеликоптери и авиони од ЕУ за гаснење на пожарите

Следно

Билансот на загинати во израелските напади во Газа надмина 38.700, во изминатите 24 часа загинаа 49 Палестинци

Latest from Blog

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за
Go toTop