Билансот на загинати во израелските напади во Газа надмина 38.700, во изминатите 24 часа загинаа 49 Палестинци

July 16, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 49 Палестинци загинаа во израелските напади во Појасот Газа, со што вкупниот број загинати од минатиот 7 октомври се искачи на 38.713, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

Оттаму додадоа дека околу 89.166 лица се повредени во нападите.

„Израелските сили убија 49 лица и повредија 69 во два ‘масакри’ врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

По повеќе од девет месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ: Зеленски да каже каков мировен самит планира

Следно

Наместо „крипто-богатство“ – испразнета сметка

Latest from Blog

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за
Go toTop