Црвено предупредување за топлотен бран во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска

July 16, 2024
1 min read

Земјите од регионот и денеска се под метеоролошки предупредувања за топлотен бран. Во цела Црна Гора и БиХ, како и делови од Хрватска е прогласено црвено предупредување за топлотен бран, а предвидените температури на места ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени.

Кога станува збор за Хрватска, најтопло утрово беше во Дубровник, 27,5 степени. Хрватските метеоролози прогнозираат дека жештините ќе продолжат и во вториот дел од неделата, особено на Јадранот, додека во внатрешноста почестите врнежи ќе донесат времено освежување, кое особено ќе биде изразено во петок.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Република Српска издаде предупредување поради продолжување на топлотниот бран на целото подрачје. Температурата на воздухот денеска ќе се движи до 42 Целзиусови степени.

Црвеното предупредување има и на територијата на целата Федерација Босна и Херцеговина, а температурите во Мостарскиот регион ќе достигнат околу 42 Целзиусови степени, во вишеградскиот регион максимална температура на воздухот ќе се движи меѓу 37 и 42 степени, а на планините околу 30 степени.

Граѓаните се повикуваат да преземат мерки на претпазливост во текот на најтоплиот дел од денот и да не се изложуваат на големи напори. Посебно предупредувањето се однесува на постарите лица и лицата со нарушено здравје и децата. Не е исклучена појава на невреме во планинските предели.

Во цела Црна Гора е прогласен црвен аларм поради многу топол бран, со тоа што попладне локално може да се очекува облачност. Максималната температура се прогнозира од 36 до 43 степени, а УВ индексот ќе биде висок – 10.

Многу топло време со температури околу и над 41 степен денеска ќе има и на територијата на Северна Македонија, а исто време се предвидува и за наредните денови. Поради топлотниот бран Владата одлучи бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работни обврски до четврток. На работодавачите им се препорачува да ги реорганизираат работните активности за да се избегнат градежните и другите физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а градинките да не ги изнесуваат децата надвор во тој период од денот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наесен првите осуденици со електронски алки?

Следно

Турски брод со над 2.400 тони хуманитарна помош замина за разорениот од војна Судан

Latest from Blog

Божиновска: 2026 година клучна за праведната и зелената енергетска транзиција

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна

Меџити: Интензивирањето на соработката со Албанија е од заеднички интерес

По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални

ФБИ побара од Британија да го „присили“ принцот Андру да биде сослушан за неговата врска со сексуалните престапници

Новите документи објавени утринава вклучуваат сензационално „Барање за помош“ испратено до Владата на Обединетото Кралство, со кое се бара да се организира интервју со тогашниот војвода од Јорк од агенти на ФБИ.
Go toTop