Половина од новороденчињата ќе се тестираат за спинална мускулна атрофија

July 15, 2024
3 mins read

За околу две недели, во Северна Македонија треба да почне скрининг(тестирање) на новороденчиња за спинална мускулна атрофија (СМА), генетски наследна болест која предизвикува слабост на мускулите и неподвижност.

Тоа се симптоми што можат да се развијат уште во првите месеци живот. Тестирањето е важно затоа што колку побрзо се открие болеста, толку е поголем ефектот на терапијата. Затоа, најголем дел од европските и дел од балканските држави веќе го прават овој скриниг.

Скринингот е планиран првично како пилот-проект. Со тестирањето ќе бидат опфатени од 6.000 – 8.0000 бебиња, колку што годишно се раѓаат во најголемите родилишта во државата – Клиниката за гинекологија и акушерство и Специјалната болница по гинекологија во Чаир, двете во Скопје. Планирано е да се тестираат сите новороденчиња, освен во случај родителот да одбие.

Во цела Северна Македонија просечно годишно се регистрираат околу 16.000 раѓања.

Тестирањето би го правеле или Институтот за имунологија и хумана генетика или на Клиниката за детски болести, на товар на државата. Се прави едноставно, од капка крв.

„Ние сме подготвени технички, и со методи и со реагенси. Ги очекуваме последните формалности да се завршат за процесот да почне“,вели Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија, за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Можно е скринигот да опфати и една приватна болница во Скопје. Во зависност од тоа како ќе биде прифатен, во следна фаза би се проширил и во други родилишта.

„Дете што трчаше, престана да оди“

Од дете што одеше и трчаше, одеднаш престана да оди, да не може да се движи, вели Славица Гелева, мајка на седумгодишниот Марио Гелев, кој е еден од 13-те деца во Северна Македонија со спинална мускулна атрофија.

Првите симптоми се покажале кога Марио имал една година – не можел да застане на нозе, почнал да паѓа. Потребни биле две години за да се постави дијагнозата – СМА тип 2. Имал среќа затоа што само по еден месец од дијагностицирањето, државата набави терапија за СМА. Ангел е едно од првите деца што го прими „спинраза“, скап лек што ја спречува прогресијата на болеста.

„Кога еднаш еднаш ќе ги изгубиш функциите на телото, ниту најскапиот лек не ги враќа. За оваа болест, најважно е да се открие веднаш по раѓање. Сто пати ќе беше подобро да беше така. Има подобрување, се стопира прогресијата на болеста, но за тие две години додека добивме дијагноза, изгубивме многу во неговата функционалност“, вели Гелева.

Министерството за здравство го набави лекот во 2019 година, по долги години барања од здруженијата на пациенти.

Да има тестирање, ама да има и терапија

Единствено решение за СМА е скапа генска терапија, која дава најдобри резултати ако болеста се открие порано, велат лекарите со кои разговараше Радио Слободна Европа(РСЕ).

На Детска клиника се лекуваат 13 деца. На адултна неврологија има уште возрасни пациенти. Најголем дел од нашите пациенти почнале со третман откако болеста веќе се појавила, вели д-р Лејла Муаремовска Канзоска од Клиниката за детски болести.

„Раната дијагноза има директен бенефит, овозможува почеток на третман без губиток на неврони, а така се спречува ран фатален исход и се овозможува подобар квалитет на живот. Навремениот третман со лекови, кои денес се достапни, значајно го менува курсот на болеста. Ова е можно исклучиво со неонатален скрининг, Тоа е успешна јавна програма која овозможува да се идентификуваат афектирани новороденчиња пред да се открие болеста, да се почне третман, се скратува дијагностичката одисеја, се намалува економскиот и психолошкиот товар на семејството, но и на општеството“, вели Муаремовска Канзоска за РСЕ, опишувајќи ги придобивките од тестирањето.

Од Здружението „Стоп СМА“ велат дека кај оваа болест, кога симптомите ќе се појават, речиси веќе е доцна за терапија.

„Ако детектираме новороденче со СМА и веднаш добие терапија, тоа дете понатаму ќе се развива како сите останати деца и нема да имаме пациенти со инвалидитети или смртни случаи. Ова само за себе е повеќе од доволна причина за воведување на неонаталниот скрининг за СМА“, велат од здружението за РСЕ.

Но, од таму велат дека смислата на неонаталниот скрининг не е само да се открие новороденчето, туку тоа веднаш да почне да се лекува.

„Само за првата група пациенти во 2019 година се одобри конкретен буџет за СМА терапија од страна на Владата, и со тоа се дуплираше тогашниот буџет за ретки болести. Бевме благодарни но истовремено апелиравме на потребата од стратегија за зголемување на буџетот и поедноставување на процедурата за воведување на нови пациенти на терапија. Бројката природно не може да запре, туку секоја година е извесно дека ќе се роди ново бебе со СМА, но од тогаш наваму секој нов пациент е во неизвесност“, велат од „Стоп СМА“.

Инфографика - Тестирање на новороденчиња за спинална мускулна атрофија во Европа

Инфографика – Тестирање на новороденчиња за спинална мускулна атрофија во Европа

Северна Македонија на европската мапа за неонатален скрининг за СМА е доста поназад. Скринингот е вклучен во националните програми во Германија, Норвешка, Холандија, Србија, Полска и други земји. Во САД, веќе се тестираат 98 отсто од новороденчињата.

Скриниг има и во Словенија, а Србија и Хрватска го воведоа минатата година.

Според светските статистики, 1 од 10.000 деца што ќе родат добива спинална мускулна атрофија.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Брендон се прости од Бренда: Актерот објави емотивна порака по смртта на Шенон Доерти

Следно

Вулин по обидот за атентат врз Трамп: „Нека се подготви Вучиќ“

Latest from Blog

Македонија реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил сподели објава во која соопшти дека „нашата држава денеска беше реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското

Реслер: Хрватска може да и биде „спонзор“ на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Во услови кога геополитиката е променета, нема место за билатерални уцени, вели хрватскиот европратеник Карло Реслер, кој е и претседавач на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија. Тој смета дека треба да се

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат

Градоначалничката на Град Скопје нема да се кандидира на претстојните локални избори

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека

Најмалку 9 лица се убиени кога израелските сили бомбардираа училиште во кое се засолнети раселените жители на Газа

ГАЗА (АА) – Најмалку девет лица се убиени во израелски напад врз училиште во кое се засолниле раселени цивили во градот Газа, изјави медицински извор, јавува Анадолу. Очевидци изјавија дека израелските сили
Go toTop