Агелер: САД се тука да ја поддржат земјата, а не да се мешаат

July 15, 2024
1 min read

САД се најважниот стратешки партнер на Северна Македонија и нивната цел е да ја поддржат, а не да се мешаат во внатрешните работи на земјата, изјави американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за Алсат. 

Прашана за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека станува пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи земјата, таа вели оти се надева дека не мислел на неа. 

-Нашата намера никогаш не е да се мешаме. Отсекогаш наша намера било да ве поддржиме. Одлуките кои се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во рамките на судството, се одлуки само на челниците на оваа земја. Ние не кажуваме кој треба да седне во кој било суд. Ние не кажуваме кој треба да биде член на кој било совет. Дали има широко распространета корупција во судството? Да. Кога јавната поддршка и доверба во судството е 2 проценти, тоа е разочаривачки, рече Агелер.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјите од регионот се уште под влијание на африканскиот топлотен бран

Следно

Обидот за атентат на Трамп менува сè

Latest from Blog

Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници – Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална

Коњановски: Битолските училишта подготвени за новата учебна година

Училиштата во Општина Битола се целосно подготвени за утрешниот почеток на новата учебна 2026/2027 година, информираше денеска градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција. Коњановски истакна дека во текот на летниот распуст се реализирале

Проданоски: Сите училишта во Прилеп се подготвени за стартот на учебната година

Општина Прилеп е целосно подготвена за почетокот на новата 2026/27 учебна година, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Тој посочи дека сите основни и средни училишта на територијата на општината се подготвени за непречен

Проданоски: Наставниците, воспитувачите и негователите ги поставуваат темелите на идните генерации

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати благодарност и признание до најдобрите наставници, воспитувачи и негователи за учебната 2025/2026 година, истакнувајќи ја нивната значајна улога во воспитувањето и образованието на младите генерации.
Go toTop