„Обидот за атентатот над Трамп го изведе 20-годишниот Томас Метју Крукс“, објави ФБИ

July 14, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА ) – Атентат врз поранешниот претседател на САД и кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, се обиде да изведе 20-годишниот Томас Метју Крукс од Пенсилванија, известува Анадолу.

Како што информираше Федералното истражно биро (ФБИ), напаѓачот пукал кон републиканскиот претседателски кандидат Трамп додека тој држел говор на бината во Пенсилванија.

Трамп е полесно повреден во пределот на увото, а со интервенција на обезбедувањето е оддалечен од бината.

Во првата изјава по нападот Трамп од болницата, тој порача дека е добро и дека во тек е истрагата и се наоѓа под медицински надзор.

Напаѓачот е неутрализиран, а неговото тело е пронајдено недалеку од местото на нападот, во кој се ранети уште две лица.

Според информациите што ги објавија американските власти, напаѓачот се наоѓал на рид надвор од просторот на кој се одржувал митингот, а кон Трамп испукал повеќе куршуми, пред да биде погоден во интервенцијата на силите за безбедност.

ФБИ нападот го окарактеризира како обид за атентат.

Актуелниот американски претседател Џо Бајден и противкандидат на Трамп, го осуди нападот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Следно

Перински – Градот Скопје е пред колапс

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop