Инвазија на Европа

July 8, 2024
2 mins read

„Границите на Европа се нападнати од високо организирани и насилни вооружени банди а трговијата со луѓе е бизнис од повеќе милијарди долари“, пишува Адам ЛеБор кој вели дека не смеат да се игнорираат предупредувањата од Полска и Унгарија околу миграцијата.

Од пред некоја година, Унгарија, чија граница беше под притисок, ги подигна бариерите на 4 метри, со жилети на врвот и термални камери за ноќно гледање. И пак може да се помине.

Граничната ограда на Полска е висока 5,5 метри, долга е 186 километри и исто така покриена со бодликава жица од најзезнатите. Досега оваа година имало 17.000 обиди за илегални премини.

Мигрантските групи и нивните водачи се одлично уиграни а премините се прават со неколку скали кои молскавично се нафрлаат преку  оградата. Се користат смартфони и апликации за планирање на рутите и се споделуваат информации преку групи за пораки.

ЛеБор мигрантската криза ја следи уште од 2015 година, кога станицата Келети во Будимпешта била полна со мигранти од Сирија, Африка, Ирак, Авганистан… Памети дека веднаш штом ќе поминела некоја телевизиска екипа, момче подигнувало картон на кој во нацртано срце биле испишани Сирија и Германија.

„Зошто моите извештаи, како и оние на повеќето новинари, беше толку сентиментално и сочувствително? Ова беше организирана инвазија, не само на Унгарија, туку и на Европа. Наместо да пишуваме приказни од кои читателите треба да цимолат од емпатија, требаше да поставуваме многу потешки прашања“.

Кога Унгарија реагираше со подигнување безбедносна ограда долж нејзината јужна граница и со засилување со граничари за да ги запре мигрантите, во ЕУ настана бура од незадоволство и бараж од критики дека тоа е кршење на човековите права.

„Ние сме единствената земја која сериозно ги сфати и сака да ги спроведе шенгенските прописи. За тоа сме критикувани. Тоа е најчудната приказна што сум ја видел откако влеговме во ЕУ“, му рекол Виктор Орбан на ЛеБор во интервју.

Тој бил многу отворен дека сака да ја одржи Унгарија како христијанска земја, убеден дека муслиманските заедници живеат во паралелни општества и не се интегрираат.

„Зборувам за културата и секојдневните принципи на животот како што се сексуалните навики, слободата на изразување, еднаквоста меѓу мажите и жените и сите оние вредности кои јас ги нарекувам христијанство. Другите земји, се разбира, се слободни да дозволат паралелни општества. Но, ние Унгарците не би сакале да ги имаме“, рекол Орбан.

Унгарските власти постојано предупредуваа дека е невозможно да се знае кој влегува. Тоа подоцна беше потврдено кога се разбра дека од деветте терористи кои ги извршија терористичките напади во Париз во ноември 2015 година во кои беа убиени 130 луѓе, седуммина минале низ Унгарија.

Контра Орбан беше Сорос кој повика ЕУ да прифати „најмалку милион баратели на азил годишно во догледна иднина“ и да обезбеди по 15.000 евра за секој барател на азил за две години, за да помогне во покривањето на трошоците за домување, здравствена заштита и образование.

Одлуката на Ангела Меркел да прими еден милион претежно муслимански мигранти во летото 2015 година сè уште го преобликува континентот. Резултатите од европските избори покажуваат пораст на поддршката за десничарските и екстремно десничарските партии, делумно затоа што другите главно не се спремни да зборуваат искрено за влијанието на масовната миграција.

ЕУ, центристичките влади и либералниот консензус ја задушуваа дебатата на оваа тема така што секој што беше против масовната имиграција беше означен како расист и ксенофоб.

Се чини дека тактиката на Орбан дава резултат. Во 12 месеци пред мај 2023 имало 50.707 гранични прекршувања, годинава до сега само 1,273.

Од друга страна ја имате Шведска. Некогаш просперитетна и досадно мирна земја, сега има втора највисока стапка на вооружен криминал по глава на жител во Европа, по беззаконитата Албанија.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов топлотен бран во Македонија

Следно

Олмо: Франција не е само Мбапе

Latest from Blog

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да

Вечерва во Базел почнува Песна на Евровизија

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе

Зоровски во Аргумент плус: Регионална депонија е решение за отпадот во Буково

Ѓоко Зоровски  од граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ во Аргумент плус рече дека, во депонијата со години се шири чад и миризба која ги туре граѓаните. Според него, решението е регионална депонија. „Она

Проблем за Елмас: Лајпциг не дава попуст, а Торино не сака да ја плати клаузулата

Елиф Елмас игра во одлична форма по позајмицата од Лајпциг во Торино, но како што одминува времето така се намалуваат и шансите италијанскиот клуб да го откупи договорот на македонскиот „дијамант“ и
Go toTop