Франција: Полицијата со солзавец ги разбрка демонстрантите во Париз

July 8, 2024
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Француската полиција синоќа употреби солзавец за да интервенира против демонстрантите што ја славеа победата на левичарскиот сојуз над екстремната десница на предвремените избори, чиј втор круг се одржа во неделата, јавува Анадолу.

Левичарската алијанса Нов народен фронт (НФП) води во вториот круг од вонредните парламентарни избори, а, според проекциите засновани врз процените на Ифоп, НФП би можело да освои од 180 до 215 места во Националното собрание, Долниот дом на Парламентот.

Центристичката алијанса „Заедно за Републиката“ на претседателот Емануел Макрон се најде на второ место со 150 до 180 места, а екстремно десничарскиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен, кој славеше победа во првиот круг, ќе добие од 120 до 150 места.

Националното собрание има вкупно 577 пратенички места, а се предвидува дека ниту еден од овие три сојузи ќе нема апсолутно мнозинство од 289 пратенички места.

По објавувањето на неофицијалните резултати, демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката во Париз за да ја прослават победата на левичарите.

Носејќи француски и палестински знамиња, како и транспаренти „Нема место за фашисти во нашето соседство“ и „Револуција“, демонстрантите извикуваа слогани против екстремната десница и фашизмот.

На почетокот собирот изгледаше како прослава, но како што изминуваа часовите, така се зголемуваа тензиите меѓу полицијата и демонстрантите.

Некои демонстранти запалија велосипеди и фрлаа огномети и разни предмети кон полицијата.

Полицијата ги растера демонстрантите со солзавец, а противпожарните екипи ги изгаснаа запалените велосипеди.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Екстремните десничари поразени на француските избори, но Франција останува поларизирана

Следно

Нема Клинички центар како во Словенија со партизација од портир до директор

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop