Екстремните десничари поразени на француските избори, но Франција останува поларизирана

July 8, 2024
3 mins read

Националниот собир на Ле Пен не само што не успеа да обезбеди целосно мнозинство во вториот круг од парламентарните избори во Франција на 7 јули, туку заврши на третото место, спротивно на предвидувањата дека екстремно десничарската партија е на работ да ја грабне моќта со оглед на нејзините силни резултати во првиот круг од гласањето.

Сепак, клатното се сврте на другиот крај на политичкиот спектар со левичарскиот сојуз Нов народен фронт, кој се појави како единствена најсилна сила, но не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.

Ако резултатите се потврдат, тоа најверојатно ќе доведе до поделен парламент, што ќе нагласи колку е поларизирано француското општество. Франција сега се движи на непозната територија, велат аналитичарите.

„Никој не го виде ова што доаѓа“

Новиот народен фронт се очекува да освои најмногу места, помеѓу 172 и 198. Центристичката група на претседателот Емануел Макрон, се предвидува да заврши на второто место со меѓу 152 и 169 места, а потоа крајната десница на третото место со околу 143 места.

„Фер е да се каже дека никој не го предвиде ова“, вели уредникот во РСЕ за Европа, Рикард Јозвијак.

Откако крајната десница излезе од првиот круг на гласање како водечка партија, центристичките и левичарските партии се согласија да повлечат 221 кандидат, вклучително и 83 од политичката група на Макрон и 132 од НПФ, со цел да се избегне трикратен втор круг.

Двата круга на француските избори имаат поинаква цел, изјави за РСЕ Жак Рупник, директор за истражување во CERI (Центар за меѓународни студии и истражувања) во Sciences-Po во Париз.

„Во првиот круг гласате за кандидатот што го претпочитате. Но, во вториот круг не мора да гласате за, туку главно против кој не сакате да влезе во парламентот“, објасни Рупник.

Запирањето на Националниот собир беше највисок приоритет и тоа го објаснува моментумот што беше создаден меѓу двата круга.

Новиот премиер ќе биде од левицата?

Жан-Лук Меланшон, лидерот на екстремната левичарска партија „Франција Непоклонета“ (LFI) и шеф на коалицијата НФП, побара на левицата да и се даде шанса да формира влада.
Навистина, конвенцијата сугерира дека Макрон треба да покани политичар од најголемата групација да ја преземе улогата.

Францускиот премиер Габриел Атал рече дека ќе поднесе оставка, но ја отвори вратата за преодна влада, за време на Олимписките игри во Париз, кои почнуваат на 26 јули.

Макрон веројатно ќе ги истражи сите опции пред евентуално да номинира премиер од левичарската коалиција. Една од опциите е да се обиде да го подели левичарскиот сојуз, кој е поделен и здружен само откако Макрон ги распиша предвремените избори.

Левичарската алијанса ги обединува во еден табор претходно длабоко поделените социјалисти, зелените, комунистите и тврдокорната левичарска Франција Непоклонета.

Друга опција би била „експертска влада“ која не е поврзана со политички партии. Сепак, неа ќе треба да ја одобри мнозинството во Националното собрание.

Рупник рече дека левицата најверојатно нема да фаворизира таканаречена експертска влада, инсистирајќи дека тие победиле на изборите и дека се желни да продолжат со својата програма.
„Програмата на левицата е тотално неприменлива бидејќи ветува многу работи кои немаат ни најмала шанса да се спроведат. Касата е празна“, додаде Рупник.

Иако загубата на екстремната десница може да биде олеснување за инвеститорите, тие исто така веројатно не се мирни со тоа што левицата е подготвена да влезе во владата со економски планови кои би можеле да проблематизираат многу од пропазарните реформи на Макрон.

„Макрон ослабен, но не и надвор“

Макрон ќе присуствува на претстојниот историски самит на НАТО во Вашингтон како ослабена фигура, а Франција остана без стабилно владејачко мнозинство на помалку од три недели пред Париз да биде домаќин на Олимпијадата.

„Би рекол дека Макрон е ослабен, тој е долу, но не и надвор“, вели Рупник, додавајќи дека и покрај домашната нестабилност, надворешната политика треба да остане стабилна.

Има некои забелешки во случај левичарскиот сојуз да биде дел од владата. Имено, левичарскиот фронт е поделен околу некои надворешнополитички прашања како што е одбивањето на партијата Меланшон да го именува Хамас за терористичка група.

Крај на националниот собир?

Ле Пен, која планира да поднесе четврта кандидатура за претседател во 2027 година, тврдеше дека „плимата се зголемува“ и дека победата на Националниот собир е само „одложена“.
Ако ниту една партија не може да формира одржлива влада, според уставот на земјата, предвремените избори би можеле да бидат распишани за една година од сега. Националниот собир, како најсилна опозициска групација во парламентот, може да го искористи политичкиот неред за да изгради поддршка за следните избори.
Кога станува збор за претседателските избори во 2027 година, Макрон нема да има право да се кандидира, а и сè уште нема подготвено наследник. Значи, прашањето е кој може да се соочи со Марин Ле Пен.
„Засега има голема воздишка. Но, проблемот не исчезна“, вели Рупник.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕП во Германија е најпосетуван шампионат на сите времиња

Следно

Франција: Полицијата со солзавец ги разбрка демонстрантите во Париз

Latest from Blog

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ ВО МНТ ЈА РЕЖИРА „ЗАМИСЛИ НОВ СВЕТ“ КАКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДРАМИТЕ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Режисерката Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја режира претставата „Замисли нов свет“, копродукциски проект помеѓу „Сектор филм“ и МНТ. Претставата се најавува како колаж од делата на еден од најзначајните

61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка – се роди Петар и им донесе радост

На Клиниката за гинекологија и акушерство, мајка стана на 61- годишна скопјанка, која на свет го донесе својот син, Петар. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба и, како што велат

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Во вечерашната емисија „Само вистина “на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми и фокусот го стави на унгарскиот кредит и дека

Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

Македонското Министерство за спорт и Канцеларијата на Европската унија во Скопје договорија блиска соработка и промовирање на вистински вредности кои ќе значат здрава младина за европска иднина на Македонија. Ова денеска на
Go toTop