Стотици Израелци се обидоа да стигнат до резиденцијата на премиерот Нетанјаху

July 8, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ/АЛ-КУДС (АА) – Стотици Израелци се обидоа да стигнат до резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Западен Ерусалим (Ал-Кудс) за да извршат притисок врз Владата да постигне договор за размена на заложници со палестинските групи, јавува Анадолу.

Демонстрантите се обиделе да се приближат до резиденцијата на Нетанјаху, но полицијата ги спречила да го сторат тоа, пишува израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“.

Десетици демонстранти во Тел Авив, исто така, побараа договор за размена на заложници и се обидоа да блокираат дел од главниот автопат Ајалон во центарот на градот.

Во северниот град Нетања стотици Израелци протестираа на влезот во градот, држејќи голем транспарент на кој пишуваше „Доста е веќе, деструктивна Влада.“

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Појасот Газа, започната по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 38.150 Палестинци, главно жени и деца.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна одлука им се наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штит против агресија, бедем за мир и просперитет – 75 години НАТО

Следно

Ангелов за „Студио 10“: Дали останувам во ЦУК, одговор има само македонската Влада

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop