Унгарската страна ја откажа средбата со Баербок во Будимпешта

July 6, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Состснокот меѓу германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, која требаше да се одржи на 8 јули во Будимпешта, е откажана од унгарска страна, пренесува Анадолу.

Во вестите на германските медиуми, кои се повикуваат на Министерството за надворешни работи на Германија, се наведува дека Баербок нема да ја посети Будимпешта на 8 јули, и дека унгарската страна го откажала нејзиниот состанок со Сијарто.

„Сериозната и искрена билатерална средба меѓу двајцата министри за надворешни работи ќе беше важна од аспект на ненадејната и некоординирана посета на премиерот Орбан на Москва“, соопшти Министерството и изрази жалење за откажувањето на посетата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера ја посети Москва и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Посетувајќи го и Киев за прв пат од почетокот на војната во Украина, посетата на Орбан на Москва беше критикувана и од претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Шарл Мишел, и од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Зад најчудната прослава на голот на Шпанците се крие најубавата приказна – Татко и син го направија истото со временска разлика од 33 години

Следно

Албанија, Бугарија, Италија и Македонија воспоставуваат коридор за воена мобилност низ своите територии

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна
Go toTop