Кој е Масуд Пезешкијан, новоизбраниот претседател на Иран?

July 6, 2024
2 mins read

Умерениот реформист Масуд Пезешкијан победи на вториот круг од претседателските избори во Иран на 5 јули против ултраконзервативниот кандидат Саид Џалили и ќе стане деветтиот претседател на Исламската Република Иран.

Како што објави портпаролот на изборните органи, Мохсен Еслами на државната телевизија на 6 јули, Пезешкијан освоил 53,7 отсто од гласовите, додека Саид Џалили добил 44,3 отсто.

„Ќе ја подадеме раката на пријателство на сите. Треба да го искористиме целиот народ на Иран за напредокот на земјата“, рече Пезешкијан во своето прво обраќање по победата.

Излезноста во вториот круг беше 49,8 отсто, по рекордно ниските 40 отсто во првиот.

Изборите, на кои учествуваа околу 30 милиони Иранци, не беа набљудувани од ниту една меѓународно призната набљудувачка организација.

Поранешниот министер за здравство, Пезешкијан, во иранскиот парламент во последните 16 години ја претставуваше провинцијата Западен Азербејџан, со мнозинско етничко азербејџанско население.

Пезешкијан во првиот круг од претседателските избори во Иран на 28 јуни, кога освои 42,5 отсто од гласовите.

Изборите во Иран се одржаа една година порано поради смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа во мај.

Неговите поддржувачи тврдеа за време на кампањата дека победа на неговиот противник Саид Џалили би значела воспоставување на влада слична на талибанската во Авганистан.

И покрај тоа што е повеќе од 20 години во политиката, Пезешкијан досега не се соочил со обвинувања за корупција и не бил вмешан во никакви политички скандали.

Пезешкијан е роден во градот Махабад во провинцијата Западен Азербејџан со мнозинско курдско население и течно зборува курдски и азербејџански.

Лекар по професија, Пезешкијан беше на првите линии за време на Иранско-ирачката војна 1980-88 година за да се бори и да служи како лекар. Специјализирал кардиохирургија по војната.

Седумдесетгодишникот Пезешкијан работел и во академскиот свет, служејќи како шеф на Универзитетот за медицински науки во Табриз од 1994 до 1999 година.

Пезешкијан влезе во политиката веднаш по напуштањето на универзитетот, преселувајќи се во Техеран во 2000 година за да служи како заменик министер за здравство во владата на тогашниот претседател Мохамад Катами.

Во 2001 година, Катами го именуваше Пезешкијан за свој министер за здравство.

Две години подоцна, парламентот неуспешно се обиде да го отповика Пезешкијан поради, како што велат неговите критичари, лоши назначувања и лошо користење на заем од Светска банка, меѓу другите наводни неуспеси.

Во 2008 година, три години по напуштањето на владата, Пезешкијан се кандидираше за парламентот и заврши на првото место во изборната единица Табриз.

Тој е избран во парламентот пет последователни четиригодишни мандати.

Од 2016 до 2020 година — кога умерените и реформистите го контролираа законодавниот дом — Пезешкијан беше еден од двајцата заменици претседатели на парламентот.

Пезешкијан се кандидираше за претседател во 2013 година, но се откажа без да поддржи никого.

Тој повторно ја испроба среќата во 2021 година, но беше дисквалификуван да се кандидира од Советот на чувари, уставно тело кое исто така ги проверува кандидатите кои учествуваат на големите избори.

Пезешкијан често го рецитира Куранот и е експерт за Нахџул Балага, компилација од проповеди и изреки кои му се припишуваат на првиот шиитски имам, Али. Книгата зазема посебно место меѓу шиитите во Иран.

Поранешниот министер за здравство ги критикуваше политиките на исламската република за хиџабот, предупредувајќи во 2023 година дека тоа само ги охрабрува луѓето да ја мразат религијата.

Пезешкијан водеше кампања за помалку конзервативен став за носење хиџаб, по масовните протести во Иран поради смртта на Махса Амини во 2022 година додека беше притворана на иранската полиција за морал.

Тој изрази отвореност за преговори со Западот и во минатото ги критикуваше скандирањата против други земји, вклучително и САД.

Пезешкијан изјави дека сака подобри односи со Западот и да постигне нов нуклеарен договор со него.

Но, Пезешкијан, исто така, зборуваше за поддршка на принципите на исламската република и инсистираше на тоа дека треба да се следат политиките поставени од врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи.

Претходно оваа година, Пезешкијан рече дека интервенцијата на Хамнеи гарантирала дека тој нема да биде дисквалификуван да се кандидира на парламентарните избори во март.

Тој зборуваше во одбрана на правата на малцинствата, но неговите критичари го обвинија дека ги поткопува националистичките чувства меѓу етничките Азербејџанци во Иран. Тој ги отфрли обвинувањата.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рибите да не прават работи што ги исцрпуваат, Бикот да биде упорен

Следно

Поскапуваат патарините во Србија

Latest from Blog

Охрид го губи статусот заштитено светско наследство, предлага УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни

Нормализиран е сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце и граѓаните можат непречено да се движат во двата правци.  Нормално функционира и граничниот премин Блаце. Како

Барселона го продолжи договорот на Војчех Шчесни

Војчех Шчесни и Барселона постигнаа договор – искусниот голман ќе остане на Камп Ноу до јуни 2027 година. Полјакот дојде сосема неочекувано минатата есен, кога Марк Тер Штеген заработи долготрајна повреда, а

НЕ САКАМ ДА УМРАМ НА СНИМАЊЕ И ЗАТОА МИСЛАМ ДЕКА МИ Е ДОСТА ОД ГЛУМАТА, РЕЧЕ МАЈКЛ ДАГЛАС

Двократниот Оскаровец Мајкл Даглас вели дека најверојатно завршил со актерската кариера и оти нема  намера да се врати во филмскиот свет. Легендарниот 80-годишен актер гостува на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка,
Go toTop