Реформистот Масуд Пезешкијан избран за нов претседател на Иран

July 6, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Реформисотот Масуд Пезешкијан е избран за нов претседател на Исламската Република Иран, откако го победи конзервативниот ривал Саид Џалили во вториот круг од претседателските избори, јавува Анадолу.

Пезешкијан освои 16.384.403 гласови од 30.530.157 преброени, додека Џалили заостанува со 13.538.179 во вториот круг на гласање, кој забележа релативно поголем одѕив на гласачите.

Гласачките места беа отворени вчера во 8 часот по локално време низ целата земја, а гласањето беше продолжено трипати пред да кулминира на полноќ, со над 30 милиони луѓе кои гласаа.

Излезноста во вториот круг од изборите беше над 50 отсто, значително повисока од излезноста во првиот круг од 40 отсто, и одѕивот на претседателските избори во 2021 година од 48,8 отсто.

Околу 61 милион Иранци имаа право на глас на изборите, според официјалните податоци, и околу 10 милиони Иранци кои живеат во странство.

Пребројувањето на гласовите започна веднаш по затворањето на гласачките места на полноќ, а првите информации се објавени од Министерството за внатрешни работи во 2:30 часот.

Според првичните резултати, Пезешкијан беше во мало водство со 1,26 милиони гласови наспроти 1,24 милиони за Џалили.

Меѓутоа, како што напредуваше пребројувањето, јазот меѓу двајцата кандидати се зголемуваше.

Последното соопштение е објавено од Министерството за внатрешни работи околу 6:45 часот утрово, при што Пезешкијан има освоено повеќе од 16,3 милиони гласови наспроти 13,5 милиони на Џалили.

На изборите на 28 јуни Пезешкијан имаше 10,4 милиони гласови од 24,5 милиони преброени гласови. Џалили заврши на второто место со 9,4 милиони.

Откако беше објавен вториот круг на изборите и двајцата кандидати упатија апели повикувајќи ги гласачите да излезат во вториот круг.

Дури и пред да бидат објавени конечните резултати, поддржувачите на реформистичкиот пратеник од северозападниот град Табриз излегоа на улиците во Техеран и другите градови за да ја прослават неговата победа.

Пезешкијан ќе го замени Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа на 19 мај, заедно со уште седум други, со што се отвори патот за предвремени претседателски избори како што налага Уставот.

Пезешкијан претходно беше министер за здравство во Владата на Мухамад Катами (2001-2005), и го претставуваше Табриз во Парламентот од 2008 година.

Како кардиолог по професија, Пезешкијан го предводеше и Универзитетот за медицински науки во Табриз, една од водечките медицински институции во северен Иран.

Неговите две претходни неуспешни кандидатури за претседател беа во 2013 и 2021 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Денеска е Св. маченичка Агрипина

Следно

ВИДЕО: СЕ РАЗЛЕАЈА СОЛЗИ НА ТЕРЕНОТ – Пепе емотивен по поразот, Роналдо го теши

Latest from Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во
Go toTop