Во Иран се одржува вториот круг претседателски избори

July 5, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Гласачките места низ Иран беа отворени утрово за вториот круг на претседателските избори, прв во повеќе од 19 години, на кои реформистите ќе се обидат да ја освојат власта, јавува Анадолу.

Двајца кандидати, Масуд Пезешкијан, пратеник од реформистите и поранешен министер за здравство, и Саид Џалили, од конзервативците, поранешен главен преговарач за нуклеарно оружје и секретар на Врховниот совет за национална безбедност, се борат за претседателската функција.

Пезешкијан и Џалили излегоа како фаворити на предвремените претседателски избори на 28 јуни, но не успеаја да обезбедат 50 отсто плус еден глас потребни за целосна победа.

Гласачките места низ земјата беа отворени за гласачите денес во 8 часот по локално време. Гласањето ќе трае до 18 часот по локално време.

Предвидениот 10-часовен процес на гласање најверојатно ќе биде продолжен од Министерството за внатрешни работи, кое раководи со изборите, со цел гласање на повеќе гласачи.

На предвремените претседателски избори на 28 јуни гласањето беше продолжено трипати и заврши на полноќ, но одѕивот на гласачите и покрај тоа беше најнизок од Иранската револуција во 1979 година, со 40 отсто.

Според официјалните податоци, право на глас на годинашните претседателски избори имаат околу 61 милион луѓе. На изборите во 2021 година право на глас имаа 59,3 милиони луѓе.

Околу 10 милиони Иранци кои живеат во странство имаат право да го дадат својот глас на денешните предвремени избори на 344 одредени избирачки места во различни земји.

На изборите на 28 јуни, според изборната комисија, во странство имало 97.967 гласа. Канадската Влада не дозволи поставување гласачки места.

Вкупно 58.640 избирачки места ќе го олеснат процесот на гласање во вториот круг од изборите во Иран, слично на претходниот круг, а над 6.000 од нив се наоѓаат во главниот град Техеран.

Броењето на гласачките ливчиња ќе започне веднаш по затворањето на гласањето, а Министерството за внатрешни работи ќе ги објавува резултатите етапно до објавување на конечните резултати утре наутро.

Повеќето анкети, вклучително и таа од иранската водечка агенција за социолошки истражувања, пред вториот круг избори покажаа дека Пезешкијан има предност пред противникот од конзервативците.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во изјавата во средата повика на поголемо учество во вториот круг на гласање, опишувајќи го одѕивот на гласачите како „’рбетот“ на Исламската Република.

Според експертите, 60 отсто од гласачите што не излегоа на изборите на 28 јуни може да се покажат како одлучувачки во одредувањето на конечниот исход доколку излезат да гласаат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жештините и невремињата не се исти како пред десет години

Следно

Обвинителката Ристоска против системот – победи во две битки

Latest from Blog

Божиновска во Истанбул: Енергетиката денес е прашање на безбедност и стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција. Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа под мотото „Global Responsibility – The Post-War World

Флик го потврди новиот договор со Барса и коментираше за потегот на Јамал со палестинското знаме! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој повторно стана нов шпански шампион во неделата, денеска имаше средба со медиумите пред утрешното гостување кај Алавес. Каталонците ја освоија 29-тата титула во својата историја

Коњановски: Битола добива современ Центар за бокс и спортски активности

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во изградбата на новиот Центар за спорт и спортски активности, капитален објект кој е во завршна фаза и треба да обезбеди современи услови за

Тоневски: Почна обновата на улицата „Ленинов плоштад“ во Пробиштип

Во централното градско подрачје на Пробиштип во тек се активности за реконструкција на улицата „Ленинов плоштад“, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Во моментов се работи на отстранување на постојните бетонски
Go toTop