Да е само Асанж , ама не е

July 3, 2024
1 min read

Џејмс Ризен водел седумгодишна правна битка против администрацијата на Џорџ В. Буш, а подоцна и со администрацијата на Обама; и двете барале да ги открие доверливите извори на кои се потпирал за приказната што ја напишал за една пропадната операција на ЦИА.

Го пишувал тоа за Њујорк Тајмс, но уредниците ја скинале приказната по барање од владата, па затоа подоцна ја објавил во неговата книга „Воена состојба“ од 2006 година.

Властите веднаш покренале истрага за протекување доверливи информации, повикувајќи го на сведочење во конгресот, во обид да го принудат да сведочи и да ги открие неговите извори. Заканата е стандардна, ако го игнорира повикот, може да заврши зад решетки (како во актуелниот случај со Стив Бенон).

Тој сепак ги одбил и ја терал приказната до Врховен суд.

Во 2015 година, кога се создал голем негативен публицитет за Обама поради можноста американски новинар да биде ставен во затвор, бил повикан на судско рочитеште, обвинителот го прашал дали попрво би одел в затвор отколку да ги открие изворите а тој одговорил потврдно. 

Владата се повлекла, тој дома отворил шампањ со жена му за да прослават, чувствувајќи се првпат слободен после седум години. Но, целата таа драма и неизвесност го исцрпела и ментално и секако.

Неговиот случај, како и оној со Асанж беше дел од поширока акција против новинарите и свиркачите што започна во ерата после 11 септември и оттогаш ја продолжуваат и демократските  и републиканските администрации.

„Моето лично искуство ме натера да сочувствувам со Асанж, иако многу други Американци му свртеа грб. Мојата правна борба ме остави исцрпен, и психички и физички, особено во долгите периоди кога мојот случај беше игнориран од печатот и од надворешниот свет“, пишува тој. 

Ризен од прва рака почувствувал дека примарна правна стратегија на Министерството за правда во такви случаи е да се обиде да ги банкротира луѓето и да ги истроши, за да склучуваат договори наместо да одат на судење, како што конечно направи Асанж.

Тој му посакува да успее што побрзо да си го врати животот во Австралија, но вели дека Асанж допрва ќе сфати колку неговата кошмарна дрма го има сменето како човек.

 

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ, најави процес на реформи и обединување

Следно

Еве колкав бил пулсто на Роналдо при изведувањето на пеналот против Словенија

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop