Венко Филипче е нов претседател на СДСМ, вети реорганизација и заедништво

June 30, 2024
2 mins read

Венко Филипче, поранешен министер за здравство и актуелен пратеник е нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), кој победи на внатрепартиските избори со 9.052 гласови пред второрангираниот Јован Деспотовски со 2.705 гласови, од 95 отсто обработени гласови.

Претседателката на Централната изборна комисија (ЦИК), Викторија Аврамовска Мадиќ, а Филипче во обраќањето, го оценија процесот како демократски и успешен.

Деспотовски реагираше зошто претседател е прогласен пред да истече рокот од 24 часа за приговори. Тој рече дека „не може да се зборува за избран претседател на партија кога 10.000 луѓе останале надвор , а има избран претседател со 9.000 гласови“.

Третиот кандидат, Александар Бајдевски, поранешен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација,освои 905 гласови, а 190 гласови имаше и поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска кој ден пред изборите се откажа од трката, но нејзиното име стоеше на ливчето.

Филипче вети дека ќе ја врати довербата кај граѓаните и кај членството и дека СДСМ ќе биде силна опозиција и коректив во општеството.

„Вечерва во СДСМ победи професионализамот, емпатијата, грижата за луѓето како основни вредности по кои ќе работи и функционира СДСМ. Моја цел е да ги вбризгам во СДСМ принципите кои ги негувам во мојот личен и професионален живот. Принципите на заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација со оние кои ќе ја обликуваат СДСМ под моето раководство. Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа. Нема време за славење. Следи период на реорганизација и реформа согласно моите програмски ветувања со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува“, рече Филипче во обраќањето по изборите.

Тој најави вистински, темелни промени во СДСМ.

„Сакам ова заедништво вечерва да не краси и во годините пред нас. Сега е време да ги оставиме личните интереси, да се залагаме и да носиме одлуки за општо добро. Како претсеадател, ветувам дека нема да делам, туку ќе обединувам. Ветувам дека ќе водам со пример и тоа ќе го барам од секој. Ветувам дека СДСМ ќе биде отворена, модерна партија“, рече Филипче.

Деспотовски рече дека додека не се одговори на две прашања, не мисли дека треба да се зборува за завршени избори во СДСМ.

„Првото е зошто на тие 10.000 луѓе не им беше дозволено да гласаат, а беа регистрирани? Второто прашање е што се случи со оние луѓе кои денеска ги вративме од гласање? За резултатот немам коментар. Не може да зборуваме за избран претседател со 9.000 гласови, а на 10.000 не сме им дале право на глас. Се радувам за Венко, кој ми е другар, но не се радувам за СДСМ. Зградата е празна денеска и тоа не е во ред, тоа треба многу да каже за сите нас“, рече Деспотовски.

Бајдески му ја честита победата на Филипче.

„Од утре ќе треба да се занимаваме со тоа што ни е работа, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Владата што ја формираше. Тоа што сметам е дека можеби требаше да се одржи Конгресот кој не се одржа, каде ќе се утврдеа причините за поразот од 8 мај и требаше да се затворат одредени работи околу изборите, околу списоците за нашето членство. Сметам дека и тоа придонесе за овој мал одзив на овие избори“, рече Бајдевски.

Гласањето за нов претседател на СДСМ се одвиваше на 77 избирачки места. Правото на глас можеа да го искористат 23 377 запишани во избирачкиот список.

Изборот за нов лидер на СДСМ следува откако поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски се повлече од лидерската позиција на партијата по поразот на двојните избори што се одржаа на 8 мај, кога СДСМ освои најлош изборен резултат на парламентарните избори (154.447 гласа).

Мандатот на новиот претседател, според актуелниот партиски статут, ќе биде до март 2025 кога би требало да има редовни избори за лидер кој би добил четиригодишен мандат.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Деспотовски: За забелешките кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

Следно

Венко Филипче нов претседател на СДСМ

Latest from Blog

Скокна цената на нафтата на највисоко ниво во последните 4 години

 Сепак во земјава според последната одлука на РКЕ за сега нема значителни поскапувања на нафтените деривати..Од таму појаснуваат дека при утврдувањето на малопродажните цени на нафтените деривати ги вклучуваат пресметките од изминатите

МНР со ВАЖНО соопштение за МАКЕДОНСКИТЕ граѓани кои планираат да патуваат на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток, по таргетирањето на Иран на Израел

Проданоски додели награди за најдобрите училишни спортисти во Прилеп

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп и Општина Прилеп, денеска беа доделени награди и признанија на учениците и училиштата кои ја освоија титулата општински прваци во 20 спортски категории

МБИ10 со пад од 0,31% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија

Изготвено од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Индексот МБИ10 на берзанската сесија од 2 март 2026 година забележа пад од 0,31% и денот го заврши
Go toTop