На повидок раскол меѓу Ватикан и Германија

June 29, 2024
1 min read

Судирот меѓу германските бискупи и Рим се заостри во 2019 година, со основање на тн Синодален пат, прогресивно движење кое ја тресе Светата столица со „скарадни“ барања.

Синодалниот пат станува сè повлијателен во северна Европа, особено во германските јазични подрачја, меѓу другото и благодарејќи на својата огромна финансиска моќ: надбискупијата во Келн во 2015 година обелодени дека вреди 3,35 милијарди евра, повеќе отколку што има Ватикан. Извештајот го објавија откако Франциско им го смени бискупот во Лимбург бидејќи од тајни фондови потрошил 31 милион евра за нова луксузна резиденција.

По анкетите од лани, мнозинството германски католици ги поддржуваат реформите кои ги предлага Синодалниот пат кои вклучуваат поголемо учество на жените, промени во целибатот за свештениците, прифаќање на ЛГБТ лицата и слично. Во неколку наврати, Ватикан предупреди дека бискупите не можат сами да носат одлуки кои се во надлежност на Светата столица.

На прашање за хомосексуалците, папата Франциско своевремено одговори со против-прашање „Кој сум јас да судам?“ но подоцна протече информација дека зад затворени врати, за оваа тема негов омилен збор е зборот „педерлаци.“

Блискиот сојузник на папата, кардиналот Жан-Клод Холерих, предупреди дека Германците си играат со оган во нивното погрешно верување дека 2.000-годишната црква, со нејзината, во основа авторитарна хиерархија, некогаш може да функционира како модерна демократија.

„Тие погрешно го протолкуваа папата, папата не е либерален“, рече Холерих за Политико, додавајќи дека германската црква е жртва на „агресивно лобирање“ и на поларизација по урнек на културната војна во американски стил. „Таквото политиканство“, смета тој „го уништува единството на Црквата“.

Од друга страна, угледната историчарка и теолог Ана Марија Грунфелдер вели дека шизмата (расколот) во католичката црква е во тек и тоа меѓу оние кои сакаат да спроведуваат диктатура и оние кои не ѝ се покоруваат.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дачиќ: Лицето што го изврши терористичкиот напад е преобратеник од Младеновац

Следно

Нов светски рекорд на 100 метри во женска конкуренција (ВИДЕО)

Latest from Blog

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба

Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени и законодавни реформи поврзани со воведување уставна жалба, како механизам за директна заштита на основните слободи и права пред Уставниот
Go toTop