Реформистот Пезешкиан и конзервативецот Џалили минаа во вториот круг на изборите во Иран

June 29, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Предвремените претседателски избори во Иран одат во вториот круг откако ниту еден од кандидатите не успеа да добие 50 % од гласовите, покажуваат првите неофицијални резултати објавени денес, известува Анадолу.

Изборната комисија денес објави дека по пребројувањето на гласовите најголем број гласови, 10,4 милиони освоил кандидатот на реформисти и поранешен министер за здравство, Масуд Пезешкиан.

Неговиот ривал, конзервативниот кандидат Саид Џалили, кој беше главен нуклеарен преговарач и шеф на највисокото тело за безбедност, е втор со освоени 9,4 милиони гласови.

Зад нив е претседателот на парламентот, Мохамад Бакер Калибаф, со 3,3 милиони гласови, додека поранешниот министер за внатрешни работи Мостафа Пурмохамади доби нешто повеќе од 206.000 гласови.

Во првиот круг гласаа околу 40 % од граѓаните со право на глас, што не ги исполни очекувањата за поголема излезност на овогодинешните избори.

Вонредните претседателски избори во Иран се одржуваат откако претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа минатиот месец.

Вториот круг од изборите ќе се одржи на 5 јули, а двајцата кандидати имаат недела дена за кампања и телевизиски дебати пред изборите.

Гласањето на предвремените претседателски избори се одржа во вчера, а изборните власти трипати го продолжија гласањето пред да бидат затворени гласачките места на полноќ.

Според државните медиуми, на овие избори право на глас имаа околу 61 милион луѓе, од кои мнозинството се млади луѓе. На претседателските избори во 2021 година, право на глас имаа 59,3 милиони луѓе.

Гласачите во Иран своето право на глас можеа да го дадат на 58.640 избирачки места ширум земја, од кои над 6.000 беа во главниот град Техеран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сè што треба да знаете за изборите во Франција

Следно

Швајцарија и Италија ја отвораат осминафиналната фаза на ЕП 2024

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop