Сè што треба да знаете за изборите во Франција

June 29, 2024
5 mins read

Овој викенд Франција, една од клучните земји за Западот, за Европската Унија и за НАТО, гласа за да избере нов парламент. Гласањето, кое се очекува да му нанесе уште еден удар на претседателoт Емануел Макрон, бидејќи се предвидува успех на крајната десница и на крајната левица, што ќе има последици што ќе одекнат низ целиот континент. Радио Слободна Европа (РСЕ) одговара на вашите прашања за изборите.

Зошто овие избори се случуваат сега?

Франција имаше парламентарни избори во 2022 година – неколку месеци по претседателските избори кои го вратија Емануел Макрон во Елисејската палата уште пет години.

И да, овие предвремени избори, што ќе се одржат во два круга на 30 јуни и на 7 јули, имаат голема поврзаност со него бидејќи ги распиша по понижувачкиот пораз на европските парламентарни избори во почетокот на јуни.

Таму, неговата центристичка коалиција доби нешто помалку од 15 отсто од гласовите, додека неговиот изборен непријател, екстремно десничарската популистка Марин Ле Пен и нејзината партија „Национален собир“ беа уверливо први, со над 30 отсто гласови.

Многумина го видоа овој потег како коцкање, при што Макрон во суштина ги праша Французите дали тоа е насоката на патот што го сакаат или дали тој резултат на почетокот на јуни беше само случајност?

Дали коцкањето се исплати?

Судејќи според анкетите, никако. Всушност, се предвидува дека „Национален собир“ ќе добие нешто меѓу 30-34 отсто од гласовите, а блокот на Макрон („Заедно“) ќе се бори за околу 20 отсто. Со ова не би завршиле ни на второто место.

Неодамна создадениот Нов народен фронт (НФП) – несмасна коалиција на зелени, социјалдемократи, комунисти и левичарската група „Непокорна Франција“ (ЛФИ) на Жан-Лук Меланшон се близу до 30 отсто и на некој начин се предизвик за „Национален собир“.

Тие сè уште немаат кандидат за премиер во случај да победат, а во периодот пред гласањето доминираа партиите кои речиси секојдневно се навредуваат една со друга. Но, тоа не е ништо во споредба со хаосот во некогаш доминантните централно-десничарски републиканци (ЛР) – партијата на поранешни претседатели како Жак Ширак и Никола Саркози.

Веднаш откако Макрон ги распиша изборите, претседателот на партијата Ерик Чиоти склучи пакт со Национален собир зад грбот на остатокот од партијата, што доведе до тоа други високи партиски членови оттогаш да се обидат да го „соборат“ во сцени што доликуваат на добра, стара француска комедија. Не е изненадувачки што моментално имаат поддршка од само 7 отсто.

Како ова ќе заврши?

Многу добро прашање.

Во што е работата: горенаведените проценти навистина не се премногу важни бидејќи 577 места не се пропорционално распределени. Наместо тоа, кандидатите се натпреваруваат во 577 изборни единици. Значи, дури и ако ова се национални избори, се работи и за локални личности и прашања.

Ако ниту еден кандидат не добие 50 отсто во првиот круг, двајцата кандидати кои ќе добијат најмногу гласови ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 7 јули. За да има дополнителни компликации, секој кандидат поддржан од 12,5 отсто од гласачите во првиот круг добива шанса да оди и во вториот круг.

Во 2022 година, од вкупно 577 изборни единици, само седум имаа тројца кандидати во вториот круг, но летово можеме да очекуваме многу повеќе.

Значи, очекувајте да се склучат многу договори меѓу партиите пред 7 јули. Ќе се работи за тактичко гласање за да се спречи или да се промовира кандидатот на едната или другата партија. И додека партијата на Макрон веројатно ќе биде поразена на многу места, неговите гласачи на крајот можат да бидат тие што одлучуваат, во зависност од тоа дали ќе се оди налево или надесно.

Дали некој ќе формира мнозинство?

И покрај тешкотиите во предвидувањето на исходот на, всушност, 577 локални избори во два круга, направени се одредени проекции. Треба да добиете 289 места за да постигнете мнозинство во парламентот.

„Национален собир“, кој моментално има 88 места, најверојатно ќе добие над 200, а и НФП би се движел блиску околу 200, исто така.

Центристите на Макрон, од друга страна, би можеле да паднат од 250 пратенички места сега, на помалку од 100 места.

Кохабитацијата, значејќи дека партијата на претседателот нема моќ во парламентот, се случи три пати откако француската Петта република беше формирана во 1950-тите години, а овојпат можеби ќе видиме нешто сосема ново: таканаречен „парламент без мнозинство“ во кој никој нема функционално мнозинство. Ова може да биде веројатното сценарио, што ја прави секоја коалиција речиси невозможна.

Што ќе се случи во случај на парламент без мнозинство?

Парализа. Џордан Бардела, 28-годишниот штитеник на Ле Пен и кандидат за премиер за „Национален собир“, јавно изјави дека може да владее, само ако има мнозинство. Макрон може да се обиде да состави некаква национална коалиција со технократски премиер. Некои рекоа дека актуелната претседателка на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, може да биде таа личност.

Уставно му е забрането да распише нови избори уште една година. Некој вид на техничка влада може да функционира некое време, но не може да донесува закони, само буџети.

Имаше гласини дека Макрон може самиот да поднесе оставка, со што ќе ја втурне Франција во уште поголем хаос, иако тоа е малку веројатно. Барем гласање за доверба против него не е законски возможно. Летните олимписки игри, чиј домаќин е Париз, а кои почнуваат на 26 јули, не можат да дојдат доволно брзо за човек на кој очајно му треба барем малку спортска добра волја.

Може ли крајната десница да постигне целосна победа?

Секако дека може. Ле Пен и Бардела направија добра работа за да го направат „Национален собир“ поприфатлив за поширокиот спектар на електоратот. Многумина се надеваат дека ќе модерираат додека се на власт на сличен начин како италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината партија „Браќа на Италија“ кои дојдоа на власт во 2022 година.

Но, Ле Пен е и натаму на десната страна од спектарот. Руска банка и ги позајми парите, таа и претходно изрази воодушевување од Владимир Путин, а инстинктивно е против ЕУ и НАТО.

Ако беа на власт, тие ќе се залагаат за построги имиграциски политики, ќе ја спуштат старосната граница за пензионирање на 62 години, ќе го намалат ДДВ на сметките за енергија, ќе го оспорат францускиот придонес во буџетот на ЕУ и ќе го укинат автоматското право на француско државјанство за оние родени во Франција од родители – странци.

Што би значело ова за ЕУ?

Па, сите овие реформи чинат пари. Пазарите би можеле да станат „нервозни“ како што финансиската нестабилност во втората економија на еврозоната ќе има влијание надвор од француските граници. Имаше проценки дека програмата на „Национален собир“ лесно може да го поттикне и онака големиот буџетски дефицит кој моментално изнесува 5 отсто од БДП, на многу над 6 отсто. Ова е важно затоа што Европската комисија претходно во јуни ја стави Франција во она што се нарекува процедура за прекумерен дефицит, поради прекршување на горната граница на фискалниот дефицит од 3 отсто од БДП на ЕУ.

Во ноември се очекуваат појасни препораки од Брисел, но ЕУ ќе се заложи за стегање на ремените. Тоа не е единствената потенцијална точка на удар со Брисел. Екстремно десничарската влада наскоро би можела да се најде на удар на ЕУ поради субвенционирање домашни фирми и кршење на правилата на внатрешниот пазар на ЕУ, кршење на пазарот на електрична енергија на ЕУ и дискриминација на другите граѓани на ЕУ.

Што е со надворешната политика?

Вреди да се спомене дека Франција е претседателски систем каде надворешната и безбедносната политика во голема мера е во рацете на Макрон. Тој е тој што сè уште ја претставува земјата на клучните самити во ЕУ, НАТО и Г7, на пример. Така, она што е сигурно е дека политичката поддршка за Украина и натамошното проширување на ЕУ ќе продолжи.

Но, тој може да наиде на неволја кога станува збор за финансирање на разни видови странски потфати во иднина, како што е воена и финансиска помош за Киев, бидејќи тоа бара одобрение од парламентот.

А потоа, тука е „ефектот на заладување“. Со парламент кој не е особено заинтересиран да ги поддржи воените напори или да прими нови членови во организации како ЕУ и НАТО, Макрон може да добие помал простор за маневрирање. Во извесна смисла, тој ризикува да стане „политички мртов“ претседател во последните две години од неговиот мандат, не можејќи да истурка ниту еден од големите планови како што се подлабока интеграција во ЕУ или француската чизма на украинскиот терен.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дневен хороскоп за сабота 29-ти Јуни 2024 година

Следно

Реформистот Пезешкиан и конзервативецот Џалили минаа во вториот круг на изборите во Иран

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop