(ФОТО) Македонски државјанин фатен при шверц на 9,7 литри ракија и над 10 илјади кутии цигари во Хрватска

January 7, 2023
1 min read

Македонецот кој се обидел да ја прошверцува стоката треба да плати парична казна во износ од 13 272 евра, а како што додаваат од хрватската царина, пресметана и наплатена е акциза за цигари во износ од 1 419 евра

Македонски државјанин е фатен при обид за шверц на 9,7 литри ракија и над 10 илјади кутии цигари на граничниот премин „Товарник“ во Хрватска, објави хрватската Царинска управа на својата веб-страница.

Фото: Царинска управа на Република Хрватска

Возилото во кое била скриена стоката било со швајцарски регистарски таблички.

Фото: Царинска управа на Република Хрватска

„При детален преглед на споменатото возило, во просторот на резервното тркало биле пронајдени 6 600 парчиња цигари ‘Вест Силвер’, 4 000 парчиња цигари ‘Жаде Ла Розе’ и 9,7 литри ракија, стока се пропишани забрани и ограничувања при увоз, а кои возачот се обидел на скришен начин да ги внесе на подрачјето на Унијата“,

се наведува во соопштението на хрватската царина.

Оттаму додаваат дека пронајдената стока е запленета.

Македонецот кој се обидел да ја прошверцува стоката треба да плати парична казна во износ од 13 272 евра, а како што додаваат од царината, пресметана и наплатена е акциза за цигари во износ од 1 419 евра.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран егзекутираше уште двајца мажи поради протестите низ земјата

Следно

ПО НОВА ГОДИНА И БОЖИЌ НИ ДОАЃА СНЕГОТ – подгответе се за првите врнежи во новата 2023 година, еве кога! (ФОТО)

Latest from Blog

ВЛЕН: Инвестиции од над 5 милиони евра за развој на Струга

Развојот на секој град и подобрувањето на животот на граѓаните останува еден од главните приоритети на владините политики. Струга е еден од конкретните примери дека јавните инвестиции се претвораат во реални проекти

Меџити по повод 7 Март: Чаир продолжува со силна поддршка за образованието

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод 7 Март – Денот на учителот, порача дека образованието останува една од најважните основи врз кои се гради силно и развиено општество. Тој истакна

Омерагиќ: Поддршката од HatTrick програмата е клучна за инфраструктурата и младите фудбалери

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, учествуваше на состанок на HatTrick комисијата во седиштето на УЕФА, каде што се разговараше за тековните активности и идните приоритети на оваа програма. На

Снимен е моментот кога кувајтски ловец соборува американски воен авион (ВИДЕО)

За потсетување, кувајтското Министерство за одбрана објави дека се срушиле неколку американски воени авиони, наведувајќи дека сите членови на екипажот преживеале. Американската војска, исто така, потврди дека Кувајт „погрешно соборил“ три ловци
Go toTop