ЕВРО 2024: Грузија со победа над Португалија во осминафиналето, Туркије ја елиминира Чешка

June 27, 2024
1 min read

ХАМБУРГ (АА) – Во натпреварите од третото и последно коло од групата „Ф“ на Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2024) што се игра во Германија, пласман во осминафиналето од групата Ф изборија селекциите на Туркије и Грузија, додека Португалија со двете победи во првите две кола обезбеди пласман во наредната фаза. Селекцијата на Чешка со поразот од Туркије се збогуваше од ЕВРО 2024, известува Анадолу.

Репрезентацијата на Туркије ја совлада Чешка со резултат 2:1. Турскиот тим поведе во 51. минута со голот на Хакан Чалханоглу. Чешка го израмни резултатот во 66. минута преку Томаш Соучек. Турците сепак успеаја да победат со голот на Ченк Тосун во судиското продолжение, 90+4. минута.

Чешката екипа од 20. минута играше со играч помалку откако Антонин Барак го доби вториот жолт, автоматски црвен картон.

Во вториот натпревар од групата Ф репрезентацијата на Грузија приреди вистинска сензација совладувајќи ја Португалија со резултат 2:0. Стрелци беа Хвича Кварацхелија во втората минута и Жорж Микаутадзе во 57. минута од пенал.

По овие средби Португалија е на првото место во групата Ф со 6 бода, колку што има и селекцијата на Туркије. Грузија е трета со 4 бода, а Чешка е последна со 1 бод.

Претходно на средбите од групата Е што се одиграа во 18:00 часот Словачка и Романија одиграа нерешено 1:1, а на средбата Украина – Белгија немаше погодоци и селекциите ги поделија бодовите.

Во оваа група сите репрезентации имаат по 4 бода, но Украина поради послабата гол-разлика се најде на четвртото место и го заврши учеството на ЕВРО 2024.

Со натпреварите од третото коло на групата Ф заврши групната фаза на ЕВРО 2024. Пласман во осминафиналето обезбедија селекциите на Швајцарија, Италија, Германија, Данска, Англија, Словачка, Шпанија, Грузија, Франција, Белгија, Португалија, Словенија, Романија, Холандија, Австрија и Туркије.

Познати се и паровите од осминафиналните натпревари каде се среќаваат:

29 јуни

18:00 Швајцарија – Италија

21:00 Германија – Данска

30 јуни

18:00 Англија – Словачка

21:00 Шпанија – Грузија

1 јули

18:00 Франција – Белгија

21:00 Португалија – Словенија

2 јули

18:00 Романија – Холандија

21:00 Австрија – Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Запознајте го новото лидерство во ЕУ и НАТО: моќниот, јастребот и неавантуристот

Следно

Ново во македонскиот спорт е само ново министерство

Latest from Blog

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа
Go toTop