Каде оди отпадот од мозокот?

June 26, 2024
1 min read

Трудовите објавени во списанието Nature, сугерираат дека за време на спиењето, бавни електрични бранови ја туркаат течноста околу клетките од длабокото во мозокот кон неговата површина. Таму, софистициран интерфејс овозможува отпадните производи во таа течност да се апсорбираат во лимфниот систем и крвотокот, што ги носи до црниот дроб и бубрезите за да се отстранат од телото.

Еден од отпадните производи што се дислоцираат е амилоидот, супстанцата која формира лепливи наслаги во мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест. Има сè повеќе докази дека кај Алцхајмеровата болест, системот за отстранување на отпадот од мозокот е нарушен.

Новите наоди треба да им помогнат на истражувачите да разберат точно каде е проблемот и можеби да го поправат, вели Џефри Илиф кој проучува невродегенеративни болести. „Ако ја вратиме дренажата, дали можеме да го спречиме развојот на Алцхајмерова болест? се прашува тој.

Се покажало дека бавни електрични бранови за време на спиењето  дејствуваат како сигнал, синхронизирајќи ја активноста на невроните и трансформирајќи ги во ситни пумпи кои туркаат течност кон површината на мозокот, се наведува во еден од трудовите.

Нарушениот систен за отстранување на отпадот, освен за Алцхајмер, може да биде фактор за Паркинсонова болест, главоболка, па дури и депресија. Наоѓањето начини да му се помогне на мозокот да се исчисти – можеби со поттикнување на тие бавни електрични бранови – може да спречи широк спектар на нарушувања.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајановска за ТВ 24: На социјалните медиуми најмногу се промовира насилството врз жените, не само врз политичарките

Следно

Познати се осминафинални парови на ЕП

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop