Основачот на Викиликс, Асанж, се врати дома во Австралија

June 26, 2024
1 min read

КАНБЕРА (АА) – Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, се врати дома во Австралија по 14 години притвор под обвинение за шпионажа од страна на Соединетите Американски Држави (САД), известува Анадолу.

„Неговиот авион слета во Канбера во средата доцна навечер, по локално време“, објави Викиликс.

Асанж (52), во рамките на договорот постигнат со САД, се изјасни за виновен по една точка од обвинението за здружување, со цел добивање и откривање доверливи документи на американската национална одбрана во 2010 година, според поднесоците пред Окружниот суд на САД.

Асанж е осуден на 62 месеца затвор, на веќе отслужена казна, на сослушувањето спроведено во Сајпан на северните Маријански Острови, самоуправна американска островска територија.

При влегувањето во судницата основачот на Викиликс не одговараше на прашањата на новинарите кои објавија дека бил „смирен“.

„Силно веруваме дека господин Асанж никогаш не требаше да биде обвинет според Законот за шпионажа“, рече американскиот адвокат на Асанж, Бери Полак.

Сопругата на Асанж, Стела, на социјалната мрежа Х објави:

„Џулијан излегува од федералниот суд во Сајпан како слободен човек. Не можам да престанам да плачам.“

Асанж требаше да биде екстрадиран во САД под обвинение за шпионажа.

Коосновачот на Викиликс се соочуваше со 17 точки од обвинението за шпионажа по кои би можел да добие до 175 години затвор.

Асанж, австралиски државјанин, беше во притвор во Велика Британија, каде што властите минатата година ја одобрија неговата екстрадиција во САД. Тој беше баран поради неговата наводна улога во шпионажа и ширење на тајни американски воени информации.

Тој беше притворен околу четири години во затворот Белмарш откако помина седум години во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што првично побара дипломатски азил од шведските власти.

Високиот суд на Обединетото Кралство, во клучната пресуда од 2021 година, одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата за неговото ментално растројство и ризиците со кои би можел да се соочи во американски затвор.

По обвинението, Врховниот суд ја потврди одлуката во 2022 година, а тогашната министерка за внатрешни работи, Прити Пател, ја потврди наредбата за екстрадиција, со што ја интензивираше правната борба.

Со пресудата на Високиот суд на Обединетото Кралство во март оваа година, на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, му е дадено право да поднесе жалба на одлуката за негова екстрадиција во САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Eкипа на Итна медицинска помош и пациент се заглавиле во лифт во Кисела Вода

Следно

„Плановите на Нетанјаху да ја прошири војната во регионот ја отвораат вратата за голема катастрофа“

Latest from Blog

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Изутрината на неколку места

ММА спектакл во Скопје под генерално покровителство на Министерството за спорт

Под генерално покровителство на Министерство за спорт, во организација на агенцијата Арммада и Македонската ММА федерација, вчера во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје се одржа настанот – Арммадa 14. Во боречката програма

Божиновска се заблагодари за брзата реакција на концесионерите при пожарот во Трубарево

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини веднаш се вклучи во справувањето со пожарот во Трубарево, соопшти министерката Сања Божиновска. Единствениот ефикасен начин за локализација на огнот беше негово затрупување со големи

„Ако умрам на непознато место“: Морган Фриман има морничава причина поради која носи златни обетки

Фримен (86) отсекогаш го привлекувале морето и едрењето. Така, кога дознал дека морепловците и пиратите некогаш носеле златни обетки за да имаат доволно пари за својот погреб ако починат во странство, Фримен
Go toTop