Раселените Палестинци се соочуваат со здравствена криза поради отпадните води во Појасот Газа

June 26, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Раселените Палестинци, кои живеат во шатори, се соочуваат со сериозни здравствени проблеми поради отпадните води во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Покрај израелските напади и глад со кои се соочуваат Палестинците, проблем се и болестите кои настануваат поради лошите услови во кои живеат.

По израелската воена операција во градот Рафа, Деир ал Балах е еден од градовите со најголем број раселени Палестинци.

Жителите на Појасот Газа раселени поради уништувањето на инфраструктурата предизвикана од израелските напади сега се соочуваат со ширење на болести, особено кожни болести меѓу возрасните и децата, поради отпадните води кои ги поплавија нивните шатори.

Сериозната здравствена криза е во пораст бидејќи стотици илјади раселени жители на Газа се засолниле во истата област.

Една жена од Газа, Ум ал-Абд Ба’лоша, за Анадолу изјави дека мигрирале од Рафа, но се соочуваат со многу тешки услови.

Таа наведе дека отпадната вода навлегла во шаторите каде што престојуваат.

„Ситуацијата во областа Тахлија е исклучително лоша, сѐ е валкано и има многу отпадни води. Децата се најпогодени од оваа ситуација бидејќи се движат во област која е валкана. Ова е најлошото подрачје во кое некогаш сме живееле. Живееме во шатори веднаш до канализацијата, па понекогаш се излева во шаторите“, рече Ум.

Девојката Соња ал-Еила изјави дека не можела да заспие поради мувите.

Ибрахим ал-Еила изјави дека поради нечистотијата околу нив се наоѓаат во исклучително опасна здравствена ситуација, а особено трудниците тешко го поднесуваат непријатниот мирис.

Абу Махмуд изјави дека децата имаат стомачни проблеми и дијареа, но не можат да ги лекуваат поради недостиг на лекови.

Раселените жители на Појасот Газа ги повикуваат властите и меѓународните организации да најдат решение за заканата од канализацијата која ги загрозува нивните животи и животите на нивните деца.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) на 13 јуни предупреди на „катастрофални“ еколошки и здравствени ризици во Појасот Газа поради акумулацијата на отпад во станбените области во палестинската енклава.

„Од 9 јуни, над 330.000 тони отпад се насобра во населените области или во нивна близина низ Газа, што претставува катастрофални еколошки и здравствени ризици“, соопшти УНРВА.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Јарецот да разговара со партнерот, Бикот да биде искрен за чувствата

Следно

„Репортер: Форум за преиспитување на новинарството во дигиталната ера“ во организација на АА

Latest from Blog

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа

Денеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка

ФОТО:facebook.com/nfsbih/ Денешниот ден ќе ни понуди исто така три супер интересни натпревари од 1/16 финалето на тековното Светско првенство. БиХ игра против САД и секако дека со нетрпение го чекаме тој меч

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа
Go toTop