Советот на Град Скопје додели шест милиони денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

February 8, 2023
1 min read

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи да додели парична помош во вкупен износ од шест милиони денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, односно по три милиони денари за двете земји. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница посочи дека паричната помош ќе се реализира преку уплата на средствата на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

– Паричните средства од член 1 од оваа одлука се обезбедени во Буџетот на Град Скопје за 2023 година, од Програма за постојана резерва непредвидливи расходи. Според член 3, за реализација на оваа одлука се задолжува градоначалникот на Град Скопје. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавување во Службен гласник на Град Скопје, информираше Славески.

Советникот Страшо Ангеловски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во своето обраќање на седницата посочи дека гласајќи денеска да се одвојат по три милиони денари за двете земји, само ќе си ја „исперат сопствената совест“, притоа знаејќи дека средствата нема да стасаат до Сирија. Тоа е, како што рече, поради тоа што во Сирија уште не се стигнати ниту средства, ниту пари, заради „санкциите и рестриктивните мерки на евроатланските партнери и нивните вредности, кон кои се стремиме“.

– Секако дека ќе го изгласаме, јас ќе бидам прв кој ќе гласа за ова, меѓутоа ајде да се заложиме ваквите вредности да не важат, барем во време кога народите страдаат, без разлика за кој народ станува збор. Луѓето се луѓе. Јас сум огорчен од тие вредности кон кои многумина сакаат да ме водат заедно да ги споделуваме. Искрено сочувство и желба за што поскоро справување со несреќата која ги задеси двата народи и да се надеваме дека пораките од нас ќе стасаат и таму, рече Ангеловски.

Советникот Амар Мециновиќ од Левица оцени дека е убаво што сега Советот покажува капацитет, затоа што на овие луѓе им е потребна помош.

– Народите од Источниот Медитеран нам ни се блиски, со нив делиме историја, со нив делиме дури и една географска целина. Би сакал во овие моменти кога гледаме дека човечкиот пркос е посилен од било што може да се втурне над човечката судбина, дека овие народи повторно ќе ги изградат нивните живеалишта и дека ќе продолжат да живеат мирно и достоинствено, рече Мециновиќ.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФОТО: Осумгодишниот Југит помина 52 часа под урната зграда во Турција

Следно

НА 104 ГОДИНИ ПОЧИНА БРАНКА ВЕСЕЛИНОВИЌ, НАЈСТАРАТА АКТЕРКА НА СВЕТОТ

Latest from Blog

Во Белгија издадено портокалово предупредување поради опасен екстремен топлотен бран

СКОПЈЕ (AA) – Кралскиот метеоролошки институт на Белгија издаде портокалово предупредување поради очекуваните опасно високи температури што надминуваат 35°C низ целата земја од 1 до 3 јули, јавува Анадолу. Според Институтот, Белгија

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти

Новиот грчки министер за миграции смета дека е во ред да се убиваат мигранти на граница (ВИДЕО)

Танос Плеврис, радикален десничарски пратеник познат по своите забелешки за Аушвиц и убивањето мигранти, е именуван за нов министер за миграција. Тој го наследува Макис Воридис, најистакнатиот функционер кој поднесе оставка во
Go toTop