Руски ракетен напад во близина на главниот град на Украина, повредени 2 лица

June 23, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку две лица се повредени денес во близина на главниот град на Украина, Киев, во руски ракетен напад, пренесува Анадолу.

„Утринава непријателот ја нападна нашата област со ракети. Од 08:00 часот две лица побарале лекарска помош. Повредите се полесни“, објави на Фејсбук Руслан Кравченко, гувернер на Киевската Област.

Истакнувајќи дека на местото на нападот се обезбедува медицинска помош, Кравченко додаде дека шест високи згради и повеќе од 20 приватни куќи биле исто така оштетени од остатоците на ракетите.

Оштетени се и бензински пумпи, аптеки и административна зграда.

„Оперативните служби на теренот продолжуваат да ги снимаат и елиминираат последиците од ракетниот напад“, рече тој, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат дадени подоцна.

Микола Олешчук, командантот на Украинските воздухопловни сили, преку Телеграм објави дека противвоздушната одбрана во Киевската Област соборила две од три крстосувачки ракети Калибр лансирани од Русија.

Олешчук не кажа што се случило со третата ракета.

Руските власти досега немаат излезено со изјава за тврдењата на Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за 23 јуни 2024 година

Следно

Над 1.000 луѓе починале за време на аџилакот во Саудиска Арабија

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop